fbpx

Обединетото Кралство ги поддржува амбициозните национални климатски цели на С. Македонија

-

Справувањето со климатските промени и амбициите кои си ги постави С. Македонија во пресрет на COP26, кој годинава ќе се одржи во Глазгов, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Н.Е. Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја, и министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Министерката Мортон, на средбата со Нуредини, ја потврди поддршката на Британската Влада за постигнување на амбициозните цели дефинирани во ревидираниот Национално утврден придонес кон Договорот од Париз. Во дискусијата особено беше наглесена потребата  од вклучување на сите засегнати страни и пошироката јавност како единствен начин за постигнување на поставените таргети. Исто така акцентирана  беше и важноста на едукацијата, подигањето на јавната свест и промената на навиките во однос на животната средина.

Министерот Нуредини ги потврди заложбите на Владата за преминување од јаглен кон обновливи извори на енергија и се заблагодари на континуираната поддршка од Британската Влада кон овој комплексен процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...