fbpx

Вајгл и Кукан повикаа ЕУ да ги почитува своите ветувања за Македонија

-

Откако еврокомесарот Јоханес Хан во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) претпладнево го презентираше најновиот извештај на Европската Комисија (ЕК) за Македонија и Албанија, со кој се бара почеток на преговори веднаш, пратениците Едуард Кукан и Иво Вајгл, кој е известувачот на парламентот за Северна Македонија, побараа ЕУ и понатаму активно да биде вклучена во поддршка на двете земји, но и да ги исполни своите ветувања за почеток на преговори.

– Комесаре Хан, овој ваш извештај е многу важен, може да се нарече трилер на годината. Овој извештај треба да биде поттик за колегите и сметам дека и Северна Македонија и Албанија заслужуваат што препорачувате – рече Кукан во обраќањето по говорот на Хан, кој препорача ЕУ веднаш да почне преговори за зачленување со Македонија и Албанија.

Сепак, Кукан напомена дека ЕУ и понатаму мора да врши позитивен притисок врз Македонија.

– Вие правилно споменавте што треба да правиме, но исто така и ние мора да ги ревидираме инструментите што ги имаме за за да извршиме позитивен притисок. Ако тоа не се случи, нашиот кредибилитет и авторитет ќе ни се слизнат од раце. Тоа е посебно важно, бидејќи уште има безбедносни прашања во регионот – рече Кукан.
На важноста на извештајот и препораката, но и на обврските на ЕУ кон Македонија, потсети и известувачот за земјава, Иво Вајгл, кој напомена дека стабилен Западен Балкан е клучен за Европа.

– Денеска зборувам за регионална стабилноста, а ако сакаме стабилна Европа мора да има солиден, демократски, Западен Балкан како цело. Го поддржувам извештајот, комесаре, Вие завршивте одлична работа и многу се вклучивте во решавање на проблемите. Но јас како известувач за Северна Македонија, сакам да напоменам дека не треба да се зборува само за заслугите, туку и за ветувањето за земјава. Им кажавме дека ако постигнат договор со Грција ќе следи датум, па решителноста на земјата треба да се почитува. Инаку ЕУ ќе го загуби кредибилитетот – порача Вајгл.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...