Граѓани на Камениот мост во Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Жителка на Бузалково, велешко, на возраст од 35 години ја загуби битката со ковид-19. Таа била примена на Инфективната клиника и немала никакви коморбидитети. Министерството за здравство евидентирало уште двајца починати пациенти, едниот од Скопје на 69 годишна возраст, како и лице од Македонски Брод на 77 годишна возраст.

Во денешната статистика евидентирани се 103 нови случаи на ковид-19, од вкупно направени 912 тестирања. Институтот за јавно здравје регистрира и 187 оздравени пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно таму се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и седум деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.840, бројката на оздравени пациенти е 9.361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.932.