fbpx

Удово – Демир Капија сè уште тешко прооден – километарски колони поради сообраќајката

-

Километарски колони и подолги задржувања има на магистралниот пат А1, кај местото Света Петка, на делницата Удово – Демир Капија, каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби брачен пар, а нивниот седумгодишен син е во критична состојба.

Од АМСМ за „Мета“ велат дека сообраќајот во моментов се одвива по една сообраќајна лента и наизменично се пропуштаат возила во двете насоки.

Оттаму не можеа со сигурност да потврдат за колкави колони возила станува збор, но велат дека се работи за најмалку еден километар долга колона возила, од двете страни на патот.

Засега не се знае кога ќе биде нормализирана состојбата, односно кога патот ќе биде целосно оспособен за сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...