Автобуси паднаа во надојдена река во Индија

-

Најмалку 22 лица исчезнаа кога мост на автопатот меѓу Мумбаи и Гоа се урна во надојдената река.

Властите велат дека два автобуси полни со патници паднале во реката која надошла поради монсунските дождови. На местото на несреќата има 80 спасувачи, но засега не се пронајдени возилата, ниту евентуално преживеаните патници, соопштија полицијата.

– Автобусите не ги воочивме на подрачје од еден километар од мостот. Поради силните струи, можно е водата да ги однела подалеку – вели припадник на спасувачките служби.

Преку реката Савитри водат два моста, а се урнал постариот, изграден во време на британските колонијални сили, пренесуваат локалните медиуми.

Во март годинава се урна надвозник во градот Калкута, при што загинаа 20 лица, а стотина беа сериозно повредени.

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...