fbpx

Убиен организаторот на масакрот во Париз

-

Наводниот организатор и мозок на 13-ноемврискиот масакр во Париз, Абделхамид Абауд, денеска е убиен во акцијата на француската полиција во париското предградие Сен Дени, јавуваат светските медиуми.

Абауд, кој бил мета на специјална операција, е убиен, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца високи претставници на европското разузнавање.

Според други извори, само делови од телото биле пронајдени на местото на полициската акција. Француските безбедносни сили користеле моќно оружје во операцијата, а една од жените терористи се саморазнела за време на акцијата, предизвикувајќи уривање на цел кат од зградата во која се наоѓала, јавува „Си-Ен-Ен“.

Истражителите ќе треба да направат ДНК-анализа за да утврдат дали Абауд е убиен.

Обвинителот на Париз, Франсоа Моленс, вечерва соопшти дека во полициската акција во Сен Дени е уништена терористичка ќелија, која подготвувала напади.

– Се укажува дека тие можеле да се активираат – изјави обвинителот.

Француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, јавуваат дека групата подготвувала напад на трговскиот центар „Катр тан“ и на главниот плоштад во Дефанс.

Моленс изјави дека Абауд и Салах Абдеслам, терористите по кои се трагата за петочните напади, не се меѓу осумте уапсени, но не ја исклучи можноста да се меѓу убиените во акцијата. Тој додаде дека засега не е познат бројот на загинатите ниту, пак, нивниот идентитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, биле пронајдени лицата С.К. (57) и нејзиниот сопруг В.К. (64) на терасата...