fbpx

Платформата за родова еднаквост ќе го следи спроведувањето на програмата на Сиљановска Давкова

Од Платформата се надеваат дека изборот на првата жена за претседателка на државата ќе биде пример и мотивација за други жени и девојчиња да земат учество во политиката на сите нивоа и ќе придонесе кон што поголемо вклучување и прифаќање на жените во политиката

-

Платформата за родова еднаквост упати честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Од Платформата велат дека будно ќе го следат спроведувањето на програмата на Сиљановска-Давкова, „водени од феминистичките принципи и заложби кои нè обединуваат“.

„Во нашата држава, родовата нееднаквост во политичкото учество на жените е видлива на речиси сите нивоа на владеење. На локално ниво, само две (или 2.5%) од 81 општини избрале жени за градоначалници. Дополнително, кога станува збор за извршната власт, од вкупно 16 министерства, само 5 (или 25%) се предводени од жени. Доколку во овие бројки се факторираат и жените од немнозинските групи, оваа статистика е уште поалармантна. Дополнително, Собранието на Р.С. Македонија во над 30 години самостојност на државата сѐ уште немало претседателка на Собранието“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Оттаму додаваат дека со цел да се постигне значајно и релевантно политичко учество потребна е минимум застапеност од 40% на жените и мажите во политичкиот и јавниот живот.

„Но, со актуелното темпо на напредок, не можеме да очекуваме вистинска родова еднаквост во националните законодавни тела уште најмалку четири децении, или до 2063 година“, сметаат од Платформата.

Тие се надеваат дека изборот на првата жена за претседателка на државата ќе биде пример и мотивација за други жени и девојчиња да земат учество во политиката на сите нивоа и ќе придонесе кон што поголемо вклучување и прифаќање на жените во политиката.

Од Платформата за родова еднаквост ја повикуваат Сиљановска-Давкова да ги одржи своите ветувања и да покаже заложба за родова еднаквост во пракса, работејќи кон зајакнување на позицијата на жената во различни сегменти на општественото дејствување, како и пружајќи поддршка во борбата против антиродовите движења.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со хеликоптер

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, пожарникари од струмичката противпожарна бригада и неколку граѓани попладнево се нашле опколени од огнените јазици на планината Огражден каде што во моментов...