fbpx

Уапсени осум патници на аеродоромот „Ататурк“ поради поврзаност со ИД

-

Турската полиција привела осум лица на главниот истанбулски аеродром „Ататурк“, поради сомневање дека се поврзани со Исламска држава, јавуваат турските медиуми.

Групата приведени патници доцна синоќа допатувале од Казабланка во Истанбул на одмор. Иако тврделе дека имаат хотелски резервации, полицијата не успеала да најде доказ.

Кај еден од патниците е пронајдено парче хартија со нацрт-план како може да се дојде до Германија со автобус, брод или воз.

Од почетокот на годинава, турските власти привеле повеќе од 1.000 лица поради поврзаност со исламските милитанти.

Официјална Анкара во јули објави „војна на тероризмот“. Околу 300 лица досега се формално обвинети.

Борбата против радикалните џихадисти се интензивираше по минатонеделните напади во Париз, при што загинаа 129 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...