fbpx

Нигерија: 50 загинати во самоубиствени бомбашки напади

-

Најмалку 50 лица загинаа, а десетици се повредени откако двајца бомбаши-самоубијци денеска се разнесоа на пазар во севоисточната нигериска држава Кано.

Како што јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на сведок, еден од нападите се случил на влезот на пазарот, додека другиот бил внатре, во центарот на пазарот.

Нападите се случуваат еден ден по експлозиите на пазарот во североисточниот град Јола, при што 32 лица загинаа, а 80 беа повредени.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но според првичните информации од истрагата, зад нападите стои милитантната група Боко харам, која е блиска до Исламска држава и која најави воведување калифат во Нигерија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...