fbpx

Уапсен е битолчанец за палењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, го признал делото

-

Полицијата уапси триесет и четири годишен маж од Битола под сомнение дека тој го подметнал пожарот на влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“. Според Министерството за внатрешни работи од слобода е лишен битолчанецот Л.А.(34).

„Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело“, наведено е во соопштението на МВР.

Битолчанецот при извршениот службен разговор во целост го признал делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик.

Во врска со апсењето денес се огласи и првиот човек на полицијата. Министерот Оливер Спасовски изрази задоволство дека случајот доби брза разрешница.

„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото“, објави на Фејсбук министерот Спасовски.

Тој додаде дека деноноќно се работело да се пронајде сторителот и дека и во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара.

Описот на битолчанецот во саботата го кажа бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска која на кратко ја прекина средбата со министерот Бујар Османи и се упати од Скопје во Битола каде со надлежните од битолската полиција разговараше за настанот.

„На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска, рече Генчовска додавајќи дека лично смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерно“, рече Генчовска и нагласи дека овој настан нема да влијае на односите меѓу РСМ и Бугарија.

Генчовска во посета на опожарениот Културен центар: Инцидентот во Битола нема да ги наруши односите меѓу Македонија и Бугарија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...