fbpx
Таг: Културен центар „Иван Михајлов“

таг: Културен центар „Иван Михајлов“

„Иван Михајлов“ од Битола избришан од Централен регистар, официјална Софија реагира

Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ - Битола од денеска не постои како правно лице во земјава. Тоа беше избришано од Централниот регистар (ЦР), откако вчера Министерството за правда до ЦР доставило Решение за неусогласеност на здружението со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, извести ЦР. Одлуката на Министерството за правда се темели...

Реакции на Бугарија по одлуката за „Иван Михајлов“, „Цар Борис III“ и провалата во КИЦ

Официјална Софија денеска жестоко реагира по вчерашната забрана на Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ од Битола, но и на истиот таков во Охрид - „Цар Борис III“, чие барање за регистрација не беше прифатено токму поради тоа што не е сменето името. Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков го смета за тенденциозно решението на македонските власти да...

Уапсен е битолчанец за палењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, го признал делото

Полицијата уапси триесет и четири годишен маж од Битола под сомнение дека тој го подметнал пожарот на влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“. Според Министерството за внатрешни работи од слобода е лишен битолчанецот Л.А.(34). „Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола,...

Генчовска во посета на опожарениот Културен центар: Инцидентот во Битола нема да ги наруши односите меѓу Македонија и Бугарија

Палењето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, рече министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за време на денешната посета на опожарениот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Шефицата на бугарската дипломатија денес и утре ќе престојува во работна посета на Македонија која се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а...

Пендаровски го осуди палењето на објектот на Културниот центар „Иван Михајлов“

Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола кое се случи во раните утрински часови. „Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски на Фејсбук. Претседателот ги повика надлежните институции да спроведат...

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, извршија увид во објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде во раните утрински часови се случи пожар. „Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...