Генчовска во посета на опожарениот Културен центар: Инцидентот во Битола нема да ги наруши односите меѓу Македонија и Бугарија

-

Палењето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, рече министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за време на денешната посета на опожарениот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Шефицата на бугарската дипломатија денес и утре ќе престојува во работна посета на Македонија која се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Македонија.

Генчовска во Битола се сретна и со претставници од битолската полиција.

„Како што ме увери началникот на битолската полиција преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот“, рече министерката.

Таа, одговарајки на новинарско прашање, рече дека ова никогаш не би можело да биде провокација од бугарска страна. Сепак, истакна дека името на клубот нема да се менува и дека со министерот Османи продолжуваат со, како што рече, многу конструктивниот дијалог.

„Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот“, рече Генчовска.

Во врска со прашањето дали Бугарија ќе го дигне ветото во јуни Генчовска рече дека тоа зависи од Македонија и европските партнери.

Пендаровски го осуди палењето на објектот на Културниот центар „Иван Михајлов“

Денес откако претседателот на државата Стево Пендаровски го осуди палењето на објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола кое се случи во раните утрински часови и премиерот Димитар Ковачевски рече дека „во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо“. А до јавноста се обрати и министерот Османи велејќи дека ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на Фејсбук оцени дека палењето на Културниот центар „Иван Михаjлов“ е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот.

„Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности“, напиша Јотова.

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...