fbpx

ТВ „Шења“: Дури 259 гласачи сместени на паркиралиште во Тетово

-

Дури 259 гласачи се сместени на една иста адреса, на паркиралиште во Тетово, објави телевизија „Шења“.

Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња. Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата Иво Лола Рибар, број 0.

Екипата на ТВ „Шења“ ја посетила оваа адреса за да види за каков гигантски објект станува збор, судејќи според бројот на гласачи регистрирани на таа адреса. Но таму не нашле ниту зграда ниту, пак, куќа, туку само празно паркиралиште.

Жителите од оваа улица во неформален разговор рекле дека порано на ова место постоела стара куќа во која не живеел никој. Потоа во истата било сместено едно сиромашно семејство, но по извесно време куќата изгорела целосно. На истото местото подоцна е изградено паркиралиште. Дел од жителите при контролата на избирачкиот список многупати го забележале овој феномен и велат дека пред контролата за фиктивните гласачи на оваа адреса имало околу 150 лица.

Инаку, пријавувањето на десетици гласачи на една адреса во Скопје и во други населени места беше главна причина партиите во Пржино да се согласат за нова методологија за прочистување на избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...