fbpx

Уапсен еден од лидерите на ЕТА во Франција

-

Еден од најистакнатите лидери на баскиската сепаратистичка организација ЕТА, Микел Ирасторса, е уапсен денеска во југозападниот дел на Франција, соопштија шпанските власти.

Ирасторса е пронајден во својот дом во францускиот град Аскен, во пиринејскиот регион на границата со Шпанија, се наведува во соопштението на шпанското министерство за внатрешни работи.

Според француски извори, била приведена и една брачна двојка, која му овозможила засолниште на Ирасторса.

Рацијата, која ја извршиле француските безбедносни сили во соработка со шпанската цивилна гарда, била насочена кон „лидерската структура на ЕТА“.

Шпанското МВР наведува дека операцијата продолжила и би можеле да следуваат и дополнителни апсења.

ЕТА повеќе децении водеше насилна кампања за независност на Баскија, во северниот дел на Шпанија и во југозападна Франција, а оваа организација се товари за смртта на повеќе од 800 лица. Само уште околу 20 членови на ЕТА сè уште се наоѓаат на слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...