fbpx

Турција: Пет ученици повредени во напад на училиште

-

Најмалку пет ученици се повредени во турскиот град Дијабакир, откако напаѓачите, за кои полицијата се сомнева дека се курдски екстремисти, фрлиле експлозивна направа врз средно училиште.

Регионалниот претставник за образование, Аднан Хурата, истакна дека децата се пренесени во болница и оти никој не е во животна опасност.

Во делови на Дијарбакир е воведен 24-часовен полициски час откако турските сили ги интензивираа нападите против бунтовниците од Работничката партија на Курдистан (ПКК).

Турските организации за заштита на човековите права велат дека од август минатата година досега се убиени повеќе од 160 цивили во судирите на турските сили и на ПКК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...