Утринава почина диџеј Бабура

Утринава во Скопје на 44-годишна возраст почина Љупчо Петровски, познатиот диџеј Бабура.

Петровски работеше како диџеј во повеќе радиостаници како „Мега ФМ“, „Антена 5“, „Сити радио“.

Пред повеќе од една година, диџеј Бабура и неговата сопруга станаа родители на две момчиња, близначињата Јаков и Јаким.