Онлајн сет со електронска музика од Милан Димитриев во среда од 20:30 часот

Милан Димитриев („Methamill“), кој е свежо, амбициозно и прогресивно име на елекронската музика, ќе има онлајн сет во среда, со почеток во 20.30 часот.

Methamill или Милан Димитриев како ран тинејџер е многу активен по културно развивачки настани и случувања.

„Следат разни истражувања низ стилови и жанрови од технa па до хаусови, од трансови до џунгли и икршеници со цел пронаоѓање на себе. Се што беше примамливо и сватливо за уво беше проучувано и расклопувано. Со растењето на музиката, побарувачката беше и поинтензивна вежба каде се има случувано да се микса и до 12 часа во ден. Моментално најмногу прикладувајќи го стилот Прогресив кој што е спој од скокачки бас линии, афрички ритмови, технашки перкусии и трансерски мелодии. Во своите 19 години од кои 4 години се спална ДЈ и по некоја приватна забава и само една година од кога е излезен официјално на сцена каде загрева на домашен терен за Galoski во Реборн Ноќен Клуб, Кавадарци. Други домашни артисти со кој има настапувано на иста сцена се: Ana Malo, Zarkotech, Branchez, Boyan Hadyi, Spikzz, Dj Tashe, Nikollov, Cobe, Lako. И странски репрезентативци како Metodi Hristov, Roof AW, Luka Cikic, Luka, Forniva,“ информираат од КСП Подиум – Јадро кој е јавен, инклузивен, непрофитабилен центар.

До сега свирел на повеќе фестивали во државата и во Хрватска, а присутен е и во медиумите во државата и во регионот.