fbpx

Цариниците на скопскиот аеродром пронашле хероин во куфер со двојно дно

-

Турски државјанин вчеравечер на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се обидел да прошверцува околу 5 грама хероин, сокриен во куфер со двојно дно, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, синоќа околу 20.20 часот на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, царински службеници при детална контрола на багажот на турскиот државјанин Р.Ј. (39), забележале дека неговиот куфер има двојно дно, направено од пластичен дел на друг куфер. Во него цариниците пронашле 4,622 грама хероин.

Осомничениот и неговиот багаж биле предадени на одделението за истраги при Царинската управа за понатамошна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...