Чаусидис: Се обидуваат да формираат паралелен новинарски синдикат

-

„Очигледно, во тек е акција за формирање паралелна организација која, по теркот на МАН, треба да биде пандан на автентичната медиумска организација, во случајов ССНМ, и да ги релативизира работите. Станува збор за добро проверен метод на криминална злоупотреба на демократските форми, нешто што со години наназад гледаме дека се случува“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на прес-конференцијата пред Клубот на пратеницитe.

– Тоа не би било спорно доколку тоа „делење“ не е условено со закани од непродолжување на договорите, намалување на платите или во подобрата варијанта – ветување дека членарината за синдикатот ќе биде плаќана од самиот медиум.  Ние сме за синдикален плурализам, но, сепак, шпекулациите дека на новинарите им се давале пристапници со тоа што им било укажувано дека членарината нема да мора да ја плаќаат воопшто, индицира од каде е, всушност, потребата за нов синдикат – рече Чаусидис.

Таа претпоставува дека уште една причина за ова е и тоа што еден од предлозите за кои се преговора е и улогата на новинарските здруженија и на синдикатот.

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе продолжат, неколку...

Салмонела пронајдена во мострите од храна од која се затруле 38 лица во Прилеп

Во текот на месец јуни, до Институтот за јавно здравје е пристигната пријава за епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis, пишува во новиот месечен билтен за заразни заболувања кој...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе...