fbpx

Тројца од загинатите во нападот во Кабул се Американци

-

Тројцата од 12 загинати во вчерашниот напад со автомобил бомба во Кабул се американски државјани, соопшти Меѓународната коалиција во Авганистан, предводена од САД.

Во нападот, кој беше извршен додека минувал конвој странски возила, се уништени неколку автомобили, вклучително и автобус и оклопно возило.

– Американски службеник, што работел по договор за Решителна поддршка загина на самото место, а двајца американски службеници, што работеле по договор за Решителна поддршка починаа од добиените повреди, се наведува во соопштение на коалицијата на НАТО, позната како „Решителна поддршка“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...