fbpx

Во Прешево од Македонија пристигнаа 5.000 мигранти

-

Околу 5.000 мигранти кои вчера влегоа во Македонија, утринава организирано со такси, автобуси и минибусови пристигнале во Србија, јавуваат српските медиуми.

Во прифатниот центар во Прешево утринава пристигнале 2.000 мигранти, дознава неофицијално „РТС“. Според извештаите на српските медиуми, во центарот и околу него има голема гужва, но мигрантите мирно чекаат во редици. Мигрантите по добивањето на документите со автобуси заминуваат кон Белград.

Македонските власти синоќа, откако во текот на денот неклку пати беше пробиен полицискиот кордон, ги отворија границите и дозволија околу 4.000 мигранти да влезат во Македонија. Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“ синоќа соопшти дека повеќе од 50 авгтобуси полни со мигранти ја напуштиле Гевгелија и се упатиле кон Србија. Дел мигрантите кои ја минале границата се упетиле кон железничката станица во Гевгелија.

Репортерот на „РТС“ јавува дека на станицата во Гевгелија утринава имало голем гужва, бидејќи возот во 4.30 часот од Гевгелија за Табановце не пристигнал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...