fbpx

Тодоров во посета на Брисел

-

Во еднодневна посета на Брисел денеска ќе присуствува министерот за здравство, Никола Тодоров, по повод презентирање на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (European healthcare consumer index – EHCI).

На покана на организаторот на настанот, Европски здравствен потрошувачки индекс, министерот Тодоров ќе одржи обраќање во врска со перформансите на здравствениот систем во Македонија.

Во рамки на посетата на Брисел, министерот Тодоров ќе оствари средба со еврокомесарот за здравје и безбедност на храна, д-р Витенис Андриукаитис.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...