fbpx

Македонско-романски книжевни релации

-

Романското списание за култура „Хелис“, кое излегува во печатена и во електронска верзија, а го уредува угледниот писател Георге Добре, во најновиот број објави одбрани песни од македонските поети: Петко Шипинкаровски, Тоде Илиевски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски, Виолета Танчева-Златева, Ленче Милошевска, Весна Ацевска и Братислав Ташковски.

Автор на препевот од македонски на романски јазик е македонскиот писател Димо Н. Димчев.

Списанието за култура „Хелис“ објавува десет броја годишно, а досега повеќепати има објавено македонска поезија.
Ревијата „Бранувања“ од Струга, за најновиот број подготвува избор од повеќе романски поети, што ќе придонесе за подобро запознавање на нашата културна јавност со тековите во современата романска поезија и позитивно ќе влијае за продлабочување на соработката меѓу писателите од двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...