fbpx

Денеска ќе работат три собраниски комисии

-

Денеска во Собранието на Република Македонија ќе се одржат седници на комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се предлог-законот за изменување на Законот за даночна постапка, предлог-законот за дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, како и измените и дополнувањата на Законот за банките и на Законот за хартии од вредност, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој во второ читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.