понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: закана | 68 резултати

Трамп ја продолжи важноста на црната листа за Македонија – 10 лица се закана за САД

јуни 22, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот да ја продолжи важноста на т.н. „закана по националните интереси на САД“ од регионот на Западен Балкан, документ кој беше донесен во јуни 2001 година од Џорџ Буш. Со него се опфатени Босна и Херцеговина, Косово и Македонија и тој пропишува дека од овие сè уште земји постои […]

Русија: Амбициите на Северна Кореја се директна закана за Москва

јуни 4, 2017

Заменик-министерот за одбрана на Русија, Александар Фомин, денеска изјави дека амбициите на Северна Кореја во поглед на нуклеарните оружја се „директна закана“ за Русија, јавуваат светските агенции. „Тоа не е само систем за противракетна одбрана, туку има конкретна цел. Затоа претставува вознемирувачка и директна закана за Русија. Наш принципиелен став е дека на тој начин […]

Трамп се закани на Коми, размислува да ги укине брифинзите за новинари

мај 12, 2017

Претседателот на САД Доналд Трамп со неколку твитови денеска предизвика вистинска сензација во јавноста, откако порача дека „можеби е подобро“ да се укинат брифинзите за новинарите во Белата куќа, а потоа му се закани на сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да не искажува негативни ставови за претседателот во јавноста, споменувајќи „снимки“. „Бидејќи сум многу […]

Голема антитерористичка акција ноќеска во германскиот град Офенбург

март 12, 2017

Полицијата во германскиот град Офенбург, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, во текот на ноќта изведуваше голема антитерористичка акција поради „наводна закана за напад“, јави германскиот весник „Франфуртер алгемајне цајтунг“. Офенбург е град на десниот брег на реката Рајна, на самата германско-француска граница, а од другата страна е францускиот Стразбур, каде е едно од двете седишта на […]

Кандидатите на Трамп за шефови на ЦИА и на Пентагон предупредуваат на закана од Русија

јануари 12, 2017

Кандидатите за шефови на Пентагон и на ЦИА што ги предлага новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, на сослушувањата пред Сенатот, предупредија на заканата на Русија кон НАТО. Генералот Џејмс Матис и Мајк Помпео ја посочија вмешаноста на Москва во хакерските напади на Демократската партија на САД. Генералот Џемјс Матис, кој е номиниран од Трамп за […]

Раководството на Русија стои зад хакерските напади, тврдат шефовите на американското разузнавање

јануари 5, 2017

Шефовите на разузнавачките служби на САД денеска предупредија дека Русија е најголемата закана за американските интереси и дека зад хакерските напади и објавувањето документи на Демократската партија на САД стои највисокото раководство на Русија. „Според нашите проценки, само највисоките руски функционери можеле да ги одобрат неодамнешната кражба и објавувањето податоци во врска со претседателските избори“, истакнаа […]

Повратниците од војните – безбедносна закана за регионот

септември 13, 2016

Повратниците од војните, насилниот екстремизам, тероризмот, исламскиот фундаментализам и странските борци се клучните предизвици со кои се соочува цела Европа и претставуваат безбедносна закана за регионот. Ова е општиот став на експертите кои денеска расправаат на конференцијата „Менаџирање и преговори во кризни ситуации“, што се одржува во Охрид. За да се совладаат предизвиците, полициските сили од […]

Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција на неопределено време

јули 13, 2016

Француската амбасада во престолнината на Турција ќе биде затворена на неопределено време, соопшти амбасадата. „Амбасадата на Франција во Анкара, како и конзулатот, ќе бидат затворени од среда, 13 јули , сè додека не се добие дополнителна информација“, стои во соопштението. Претходно француските дипломати во Турција ја откажаа прославата на националниот празник 14 јули. „Информациите што ги […]

Заканувачки писма за синот и за сестрата на Доналд Трамп

март 21, 2016

Сестрата на Доналд Трамп, која е судијка во апелацискиот суд во Филаделфија, Маријан Трамп, добила заканувачко писмо слично на писмото што го добил и еден од синовите на републиканскиот кандидат за номинација за претседателските избори во САД. Полицијата во Филаделфија соопшти дека ФБИ и тајната служба го истражуваат овој случај, но не соопшти повеќе детали. Ерик Трамп, […]

Германија ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција

март 17, 2016

Германската амбасада во Анкара е затворена поради индиции за можен напад, соопшти денеска министерството за надворешни работи во Берлин. Како што се наведува, затворени се и германскиот конзулат и училиштето во Истанбул. Германскиот конзулат се наоѓа во близина на плоштадот Таксим, најголемата туристичка и рекреативна област во Истанбул. Претходно, отцепената група од Работничката партија на Курдистан […]

Европол: Илјадници „странски борци“ на ИД, закана за безбедноста на Европа

февруари 20, 2016

Меѓу 3.000 и 5.000 т.н. странски борци, државјани на Европската унија, кои се обучувале во камповите на Исламска држава (ИД), се вратиле во земјите на ЕУ и претставуваат нов предизвик и закана за безбедноста на Европа, вели директорот на полицијата на Европската унија – Европол, Роб Вејнрајт, во интервју за германскиот весник „Оснабрукер цајтунг“. Според […]

Заканувајќи му се со нож, му одзеле мобилен телефон

февруари 7, 2016

На Камен мост во Скопје синоќа по полноќ се случило тешко разбојништво. Движејќи се во правец кон Центар, три засега непознати сторители извршиле разбојништво над Д.А. (18) од Скопје, при што му одзеле мобилен телефон „хуавеј“, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 14.000 денари. Разбојништвото било извршено на тој начин што сторителите го пресретнале оштетениот, […]

Закана за безбедноста на конзулатот на САД во Истанбул

декември 5, 2015

Стејт департментот им препорача на американските граѓани да не го посетуваат денеска генералниот конзулат на САД во Истанбул поради информацијата дека има закана за неговата безбедност. Ова се наведува во соопштение што денеска беше објавено на веб-страницата на Советодавниот совет за меѓународна безбедност при Стејт департментот. Информацијата е објавена и на официјалната интернет-страница на конзулатот на САД во Истанбул. […]

ЕУ ќе ѝ се закани на Грција дека ќе ја исклучи од шенген-зоната

декември 2, 2015

По заканата за напуштање на еврозоната, Грција се соочува со предупредувања и со закани за можен излез од шенгенската зоната. Ова го пренесуваат грчките весници „Катимерини“ и „Прото тема“, коментирајќи дека земјите-членки на Европската унија (ЕУ) веќе почнуваат да испраќаат сериозни предупредувања до Грција дека доколку не ги спроведе мерките за бегалската криза договорени на […]

Ограбено казино во центарот на Скопје

ноември 29, 2015

Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, вчеравечер извршило разбојништво во автомат-клуб за игри на среќа во населбата Дебар-маало во центарот на Скопје. Според полицијата, разбојникот побегнал од казиното со плен од околу 51.000 денари. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.30 часот во автомат-клуб на улицата Наум Наумовски Борче. Разбојникот, откако ѝ се […]

Брисел: Степенот на опасност од терористички напади на највисоко ниво

ноември 21, 2015

Белгиските власти денеска посочија дека нивото на опасност од терористички напади во регионот на Брисел е на највисоко ниво, предупредувајќи на „особено сериозни“ и „непосредни закани“. Метрото ќе биде затворено до утре, а граѓаните се предупредени дека треба да ги избегнуваат масовните собири, вклучувајќи ги и трговските центри, се наведува во соопштението на власта. Предупредувањето за […]

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопско Дељадровце

ноември 13, 2015

Утрово, околу 3.50 часот, тројца маскирани и вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа на „Макептрол“, во скопското село Дељадровце, соопшти полицијата. Разбојниците, со закана кон еден од вработените, одзеле околу 9.000 денари и побегнале од местото. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Разбојник однел 3.000 евра од клуб за игри на среќа во Скопје

ноември 5, 2015

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, синоќа од автомат-клуб за игри на среќа во Скопје однел околу 182.000 денари или околу 3.000 евра, соопшти полицијата. Според полициските информации, разбојникот околу 21.20 часот влегол во автомат-клубот, инаку подржница на гевгелиската фирма „Д Слотс“, им се заканил на вработените со пиштолот, а потоа зел еден од нив, го […]

Турција ѝ се заканува на Русија дека ќе престане да го купува нејзиниот гас

октомври 8, 2015

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја предупреди Русија дека ќе го раскине договорот за купување гас ако руските воздушни сили продолжат да го нарушуваат нејзиниот воздушен простор при бомбардирање на Сирија. Ердоган наведува дека Турција е купувач број еден на рускиот природен гас. – За Русија, губењето на Турција може да биде голема загуба. Ние […]

Вештачката интелигенција може да биде „калашников“ на иднината

јули 28, 2015

Дел од водечките умови на денешницата предупредуваат дека оружјата целосно напојувани од вештачка интелигенција (artificial intelligence, AI) можат да станат реалност многу наскоро. Астрофизичарот Стивен Хокинг, коосновачот на „Тесла“, Илон Маск, коосновачот на „Епл“, Стив Возниак и уште повеќе од 1.000 други науници од светот се потписници на писмо во кое предупредуваат на заканите од т.н. […]

Страна 3 од 4