fbpx

На Борјан Јовановски му испратиле погребен венец

-

Во домот на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, непознато лице доставило погребен венец со натпис „последен поздрав“.

Во тој момент Јовановски не бил дома, туку само неговата сопруга Амернис Нокшиќи и малолетните деца.

Лицето што го доставило венецот, на сопругата на Јовановски ѝ кажало дека „поздравот“ е од Тодор Александров.

Сопругата на Јовановски настанот го пријавила во полиција.

Како што објави „Нова ТВ“, Јовановски е мета на долгогодишно вербално насилство од медиуми и од новинари кои важат за блиски до владејачката партија.

Вербални напади на адреса на Јовановски пристигале дури и од високи државни функционери.

На овој морбиден чин реагираа од „Новинарски пленум“, од каде што велат дека ова е „мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари“.

„Медиумите под контрола на режимот на Груевски со денови објавуваат пропагандни памфлети полни со омраза и со повик за линч против нашите колеги, новинари – членови на „Новинарски пленум“ и до авторите на критички текстови, поради што сметаме дека сносат директна одговорност за ваквите грозоморни закани. Бараме од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а од лидерот на ДПМНЕ и премиер, да го осуди јавно овој морбиден чин и да ги повика своите медиумски и партиски џелати да ги запрат хајките против новинарите и да стават крај на оваа невидена политичка некрофилија“, се вели во соопштението на „Новинарски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Спајдермен Мајлс Моралес слика од Clutchpoints

Квалитетни нови игри беа најавени на настанот PlayStation Showcase 2023

Пред неколку дена излегоа голем број трејлери за нови добри игри на настанот Playstation Showcase 2023. Решивме да ги издвоиме најинтересните игри и да ви ги презентираме:    Immortals of Avenum  Оваа...
Download Premium WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course
download huawei firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download