вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: закана | 68 резултати

Одземени предмети за вештачење од домот на осомничениот Николовски, тој е пуштен на слобода

ноември 3, 2022

Од домот на осомничениот за можна поврзаност со вчерашните лажни закани за поставени бомби во девет скопски средни училишта, одземени се предмети за вештачење, информираат од МВР за Мета.мк. Покрај повеќечасовниот разговор со него во полициска станица, во координација со обвинителството извршен бил претрес на неговиот дом, додаваат оттаму. Потоа, тој е пуштен на слобода […]

Еден приведен во врска со лажните закани за бомби во скопските средни училишта

ноември 2, 2022

Министерството за внатрешни работи денеска приведе едно лице кое е осомничено дека е поврзано со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје. Како што велат од МВР за Мета.мк, денеска (02.11.2022 г.) го привеле Н.Н. од Скопје, а во координација со јавното обвинителство веќе се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од МВР […]

Нова закана за бомби во осум училишта, овојпат во содржината на пораката е и шегата на Путин

ноември 2, 2022

Нова дојава за поставена рачна експлозивна направа пристигна на електронските адреси на училишта за средно образование во Скопје. Како што информираат во Министерството за внатрешни работи, во СВР Скопје околу 14.30 часот денеска е пријавено дека до осум училишта пристигнала електронска порака со закана за поставена бомба. Ова е четврти пат во последниве две недели […]

Вистиномер: Не е лага дека мајмунските сипаници се јавна здравствена опасност

август 14, 2022

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до 5 август во САД се потврдени 7.510 случаи на заболени со мајмунски сипаници, а единствените две држави во САД каде што не е регистриран ниеден случај се Вајоминг и Монтана. Во сите други американски држави има потврдени случаи, најмногу во Њујорк – 1.862. Со прогласувањето […]

Вистиномер: Русија не ѝ се закани на С. Македонија со ракетата „Сармат“

јуни 15, 2022

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и нашата држава. Во твитот на Рогозин, се споменуваат Романија и Црна Гора, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на […]

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

април 18, 2022

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. […]

Училишта ширум САД ја откажуваат наставата поради наводни закани за пукање што се појавиле на ТикТок

декември 17, 2021

Училишта ширум Соединетите американски држави (САД) ја откажаа денешната настава по информациите дека на видео-платформата ТикТок наводно биле упатувани закани за пукање и бомбашки напади, пишува „Д Врџ“ (The Verge). Неколку училишта во Калифорнија, Тексас, Минесота и Мисури рекле дека планираат да ги затворат училиштата по извештаите во локалните медиуми. Други училишта, пак, најавиле засилено […]

Семејно насилство: Со два ножа се заканувал дека ќе ја убие 15 години помладата сопруга

ноември 15, 2021

Велешанец на возраст од 73 години во саботата вечерта со два ножа се заканил дека ќе ја убие неговата 15-години помлада сопруга оти отишла да го види болното внуче од син. Семејството на синот живеело еден кат над нив, односно на вториот кат од семејната куќа. Основното јавно обвинителство Велес почна истрага против осомничениот велешанец […]

Опасност од терористички напади – западните земји повикаа да не се оди на аеродромот во Кабул

август 26, 2021

Амбасадите на Германија, САД, Велика Британија и Австралија во главниот град на Авганистан ги повикаа претпладнево своите државјани да го избегнуваат по секоја цена аеродромот во Кабул, поради прилично сигурни дојави за ризик од терористички напади кај портите на аеродромот. Амбасадата на САД повика американските граѓани да не се приближуваат кон аеродромот во главниот авганистански […]

Интерпретирајќи го претседателот Радев, бугарски портал ја промаши изјавата

септември 19, 2019

Во навистина куса вест за средбата вчера на бугарскиот претседател Румен Радев со бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, бугарскиот портал „Аларма“ си дозволи прекажување, односно слободна интерпретација на изјавата на Радев. И притоа сосема погрешно ја пренесе изјавата, односно ја прекрои изјавата и изнесе невистини […]

Обвинение за Тони Михајловски за закани кон Бранко Тричковски

октомври 17, 2018

Основното јавно обвинителство соопшти дека е поднесен обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, поради закани кон новинарот Бранко Тричковски во јуни минатата година. „Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка […]

Закани за бомби принудно слетаа девет авиони во Јужна Америка и Грција

август 17, 2018

Девет авиони итно ги променија рутите откако авиокомпании во Јужна Америка и Грција добиле закани за бомби. По истрагата е откриено дека нема експлозиви. Целиот инцидент следувал по добиени закани до различни авиокомпании и цивилните авијациски власти, а полицијата се обидува да го дознае нивното потекло, пишуваат странските медиуми. „Отсекогаш сме наоѓале по некој напуштен […]

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

јануари 30, 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците. „Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба време да се преведат. Очигледно е дека ова е политичко […]

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците

јануари 3, 2018

Соединетите Американски Држави би можеле да ја прекинат помошта за Палестинците, кои, „повеќе не сакаат да разговараат за мир“ порача американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува „Би-би-си“. Трамп на „Твитер“ напиша дека, „САД не добиле ниту признание, ниту почит за помошта од стотици милиони долари што годишно им ја даваат на Палестинците.“ …peace treaty with Israel. […]

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

ноември 24, 2017

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ќе ја запали општинската зграда, по што заминал. Како што извести полицијата, случајот бил пријавен вчера, пет часа по заканата.

Непознати лица се заканувале со молотов коктел за гласање во Советот на Гази Баба

ноември 11, 2017

Четириесет и четиригодишната И.Т. од Скопје вчера пријавила во полицијата дека две непознати лица вчера ја побарале нејзината ќерка З.Т. 26 години за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба. Како што пријавила во полиција И.Т. двајцата на возраст од околу 50 години, дошле со „мерцедес“ и понудиле помош околу семејниот […]

СДСМ Карпош го осуди инцидентот пред штабот на ГРОМ

октомври 16, 2017

Општинската организација на СДСМ од Карпош преку соопштение го осуди насилството и синоќешниот инцидент што се случи пред штабот на политичката партија ГРОМ, каде едно лице излезе од автомобил, извади лисици и нож и им се закануваше на присутните. „Очекуваме надлежните институции во најкус рок да го расчистат случајот докрај и сите виновници да бидат […]

Трамп ѝ се закани на „Ен-би-си“ со одземање на лиценцата

октомври 11, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повторно ги нападна медиумите, кои, според него, шират лажни вести и праша дали треба да им бидат одземени дозволите за работа. „Со сите лажни вести кои доаѓаат од „Ен-би-си“ и од мрежите, кој момент е соодветен да им бидат оспорени лиценците? Лошо за земјата!“, напиша Трамп на „Твитер“. With […]

Закана за убиство на градоначалничкиот кандидат на Беса за Сарај

октомври 6, 2017

Закана за убиство вчера пред 17 часот добил кандидатот на Беса за градоначалник на општина Сарај, Башким Бакиу, објави „Порталб“. Случајот во полиција го пријавил Бакиу. Според СВР Скопје, вчера, околу 19 часот, во Полициската станица Центар дошол Башким Бакиу, жител на селото Љубин, и кажал дека во текот на денот добил СМС со заканувачка […]

Претресен авион на „Туркиш ерлајнс“ во Германија

септември 14, 2017

Авион на „Туркиш ерлајнс“ е запрен на аеродромот „Келн-Бон“ додека се движел по пистата. Сите 111 патници се префрлени со автобуси до терминалите, а во леталото се внесено кучиња трагачи. Германските власти го претресле авионот, по анонимен заканувачки повик. Повикот бил добиен во 8.15 часот, а според федералната полиција, истиот бил веродостоен за да се изврши […]

Страна 2 од 4