fbpx

Заканувајќи му се со нож, му одзеле мобилен телефон

-

На Камен мост во Скопје синоќа по полноќ се случило тешко разбојништво.

Движејќи се во правец кон Центар, три засега непознати сторители извршиле разбојништво над Д.А. (18) од Скопје, при што му одзеле мобилен телефон „хуавеј“, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 14.000 денари.

Разбојништвото било извршено на тој начин што сторителите го пресретнале оштетениот, му го попречиле движењето, при што едниот од нив му се заканил со нож. Откако Д.А. им го дал мобилниот телефон, сторителите го напуштиле местото на настанот.

Полициската станица – Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...