fbpx
Таг: воздух

таг: воздух

„Еко-свест“: Потребни се храбри мерки кои ќе се спроведат итно иако се непопуларни

Граѓаните на Скопје повеќе од 10 дена дишат воздух кој е екстремно загаден, што претставува сериозна закана за здравјето на сите, без разлика на возраста и на здравствената состојба, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Според нив, потребни се храбри мерки кои ќе се спроведат итно и покрај тоа што се непопуларни. „Ја поздравуваме веста од...

Тетовци дишат екстремно загаден воздух, градските власти ништо не преземаат

Концентрацијата на ПМ10-честичките во воздухот изминатото деноноќие во Тетово, трипати достигна 500 микрограми на еден кубен метар, одноно воздухот во Тетово трипати во 24 часа беше за 10 пати позагаден од дозволеното. Критичната аерозагаденост беше регистрирана во 20, 23 и во 24 часот, период кога Тетово беше најзагаден град во Македонија. Мирис на изгорено и зачаденост во воздухот почувствуваа и самите...

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Манчевски и СДСМ да говорат за воздухот во Скопје

Дамјан Манчевски и СДСМ, да знаеја да го решаваат проблемот со квалитетот на воздухот, тоа ќе го направеа во општините каде што се на власт, во Струмица и во Куманово, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Манчевски. „Овие два града се најзагадените во Македонија, со највисоко ниво на ПМ10-честички во воздухот. Од СДСМ се заборавија од овторување на...

Времето денеска со повремени врнежи од снег

Денеска повремено ќе врне снег, а во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за пет до 10 сантиметри. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Во Скопје и...

ВМРО-ДПМНЕ: Општините раководени од СДСМ се едни од најзагадените

Токму општините раководени од СДСМ, Куманово и Струмица, се едни од најзагадените општини во земјата и оттаму стигнуваат информации за зголемен број граѓани кои се жалат на квалитетот на воздухот и влијанието врз нивното здравје, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Пеце Мирчески од СДСМ. „Тие зборуваат за гасификацијата, а забораваат да кажат дека токму овие два...

СДСМ: Итно да се преземат мерки за загадувањето, особено поради грипот

„Огромно е загадувањето и на ниска температура. Власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца. Има и жртви“, вели Пеце Мирчески, претседател на комисијата за животна средина и член на извршниот одбор на СДСМ. - Синоќа на мерната станица Битола 2 измерени беа дури 808 микрограми ПМ10-честички...

Ниска температура и енормно висока загаденост во целата земја

Нивото на загадување на амбиенталниот воздух, и покрај ветерот и снегот деновиве, повторно достигнува висока концентрација која многукратно ја надминува дозволената гранична вредност. Ниската температура придонесува за зголемено користење на огревен материјал и за почесто користење на автомобилите, кои се едни од најчестите предизвикувачи на загадување на воздухот. Утринава мерната станица во Карпош покажуваше многу висока концентрација на ПМ10-честичките, односно измери 421 микрограм...

Петиција на движењето „За чист воздух“

Движењето „За чист воздух“ отвори петиција за собирање потписи бидејќи, како што велат, сакаат да се спротивстават на игнорантскиот став на надлежните кон воздухот што го дишат граѓаните на Република Македонија. „Состојбата со нечистиот воздух во државата, од ден на ден станува сè поалармантна. Секој ден сме сведоци на сè поголем број болни деца од респираторни болести, a смртните случаи не...

Од утре нè очекува многу студено време со температура под нулата и со силен ветер

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре и в четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер, особено на планините, повремено со брзина од околу 100 километри на час. Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде...

Битолските советници се скараа за тоа кој прв предложил мерки за загадувањето

Денешната расправа во Советот на Општина Битола за справување со загадувањето, од самиот почеток наликува на пародија. Власта и опозицијата се впуштија во дуел за тоа кој прв предложил мерки против аерозагадувањето. Откако советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, излезе да ги образложи краткорочните и долгорочните мерки, нејзината колешка од опозицијата, Наташа Петровска од СДСМ, веднаш се побуни. - Кој беше предлагач за оваа...

Трајановски утре на состанок со општинските градоначалници за загадувањето на воздухот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, за утре свика состанок на кој се поканети сите градоначалниците од Скопскиот плански регион, информираат од Град Скопје. Тема на состанокот, кој ќе се одржи во салата за состаноци на кабинетот на градоначалникот, ќе биде загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопскиот Регион. Група граѓани и еко-активсти в среда, во 17 часот, во Градски парк ќе...

В среда протест против загадувањето на воздухот

Група граѓани и еко-активсти в среда, во 17 часот, во Градски парк ќе одржат протест против енормното загадување на воздухот, кое во одредени денови и до 20 пати ги надминува дозволените вредности. „Загадувањето на воздухот е најголемо досега! Дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се...

Град Скопје ги прска улиците со калциум магнезиум ацетат

Градот Скопје од вчера почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Градската администрација информира дека со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков во централното градско подрачје, како и булеварот Трета македонска...

Битолскиот Совет ја одложи расправата за мерките против загадувањето

Советниците во Советот на Општина Битола денеска се откажаа од расправата за донесување краткорочни мерки против загадувањето во Битола, иако градот со денови е меѓу најзагадените во земјата. Опозицијата предложи неколку конкретни мерки, но советниците од власта инсистираа да се повикаат стручњаци и подетално да се подготват материјалите за расправа во вторник, за кога е закажано продолжението на седницата. Опозицијата...

Шест проценти од сите смртни случаи се последица на загадениот воздух

Шест отсто од сите смртни случаи се директна последица на загадувањето на воздухот, а жртвите најчесто се од Скопје и од градските средини. Доколку надлежните преземат акција, веќе од идната година би се спасиле многу животи. Ова е заклучокот од научната конференција за аерозагадувањето одржана денеска во организација на еколошкото здружение „Екосвест“. - Што ќе се добие ако падне загадувањето на ниво...

Скопје деновиве се задушува дури 20 пати повеќе од дозволеното

Изминатите денови сите мерни станици во Скопје, но и во Тетово, Битола и во Куманово константно покажуваат екстремно високо ниво на загадување на воздухот. Утринава многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички беше измерено во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица кај Ректорат. Еден степен помало загадување, односно високо, е измерено во Карпош. Високо ниво на ПМ10-честиките...

Манчевски: Властите да спроведат итни мерки за намалување на загадувањето

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, побара градската и централната власт веднаш и без одложување да спроведат итни мерки што ќе го намалат загадувањето на воздухот. Мачневски побара да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје, привремено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот, како и училишниот распуст да почне порано од предвиденото. Од СДСМ, меѓу другото,...

В понеделник протест против загадувањето на воздухот

В понеделник, во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации ќе организираат протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот. „Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на...

Блокадите на патот за РЕК Битола се црвен аларм за енормното загадување

Утрешната најава за блокада на патот кој од Битола води кон РЕК Битола е црвен аларм за загадувањето на градот, велат активистите од здружението „За нас се работи“. Од РЕК Битола, пак, возвраќаат дека барањата на здружението се на погрешна адреса и на погрешен субјект. Илија Балтовски, еден од организаторите на блокадата, вели дека комбинатот не е случајно одбран за...

За „Денот на дрвото“ во Скопје ќе се засадат милион садници за почист воздух

Во Скопје утре ќе бидат засадени околу милион садници во акцијата „Ден на дрвото“, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. - Градот Скопје и годинава се вклучува во традиционалната акција „Ден на дрвото“, во којашто на територијата на градот Скопје ќе бидат засадени околу милион садници. Дел од садниците ќе им бидат доделени и на граѓани, односно домаќинства. Градот...

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...