fbpx
Таг: воздух

таг: воздух

Дождот привремено го намали загадувањето

Високото ниво на загаденост на амбиенталниот воздух во последните два дена е намалено како резултат на врнежите од дожд и на ветерот. Речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина покажуваат многу ниско присуство на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички. Единствено мерната станица во Битола покажува средно ниво на загадување. Во скопски Центар синоќа, во 22 часот, беа измерени 300 микрограми...

ЛДП: Постојат решенија за намалување на загадувањето на воздухот

Државни инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, итна забрана на увоз на стари возила, стимулација на користење на електрични возила, изградба на подземни сообраќајници во големите градови, се некои од мерките кои Либерално-демократската партија ги предлага за да се намали загадувањето на воздухот. - Загадувањето на амбиентниот воздух е една од најголемите закани по здравјето на граѓаните. Веќе...

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје на итна седница за загадувањето

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо да реализираат мерки против енормното загадување на воздухот. „Во моментов, меѓу другото и поради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, а ситуацијата со...

Град Скопје: Не проветрувајте, загадено е!

За да се избегне загадувањето на воздухот, Град Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз, да не ги користат автомобилите без поголема потреба, а кога ги користат, да се возат повеќе лица истовремено. Град Скопје апелира граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, а одделни категории од населението, како што се малите...

Скопје синоќа дишеше воздух седумпати позагаден од дозволеното

Многу високо и високо ниво на загадување на амбиенталниот воздух утринава покажуваат сите мерни станици на Министерството за животна средина. Во Скопскиот Регион многу високо ниво на канцерогените ПМ10-частички има во Лисиче, каде утринава се измерени 225 микрограми честички на еден кубен метар, што е за 4,5 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Мерните станици во Центар, Карпош, Гази Баба и Ректорат...

#Одговорност е Битола да не биде најзагаден град во Македонија

Почнува грејната сезона, а битолчани ги чекаат информациите за тоа каков воздух дишат и колку често се задушуваат во смог. Чадот, мирисот на изгорено, маглата, стануваат секојденевие. Граѓаните се жалат на тешкотии при дишењето, очите печат, грлото гребе… Има денови кога битолчани се изложени на висока концентрација на честички ПМ10, кои ја надинуваат дозволената концентрација во воздухот дури и до дваесет пати. Годишните...

Вработените од „Југохром“ на принуден одмор

Месецов вработените од „Југохром“ ќе бидат на принуден одмор, соопштија денеска од синдикатот на комбинатот. - Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се знае судбината на вработените, но ние ќе продолжиме да преговараме со раководството на комбинатот -...

Аеродром може да дише подобро, порачаа активистите од „Ние одлучуваме“

Активистите од граѓанската акција „Ние одлучуваме“ денеска во населбата Аеродром направија перформанс пред трговскиот центар „Бисер“ и поставија платно на кое пишуваше „Аеродром може да дише подобро“. Акцијата почна во 13 часот, а активистите на случајните минувачи им го даваа бесплатниот весник „Ние одлучуваме“. На настанот пристигна и жолто-црниот камион на граѓанската акција, а активистите преку мегафон порачаа „Заслужуваме град полн со...

Груевски промовираше мерки за намалување на загаденоста на воздухот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовираше мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Како што истакна, најголемите загадувачи на воздухот се затоплувањето на домовите со дрва, автомобилите и индустријата и рече дека тие, како владејачка партија, во таа насока ќе донесат мерки за намалување на загаденоста. Тој најави гасификација на државата и носење на гасот до...

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време со температура до 26 Целзиусови степени.  

Карпошани утринава дишат многу загаден воздух

Во општина Карпош денеска измерено е многу високо ниво на загаденост на воздухот. Канцерогените ПМ10-честички утринава достигнаа 120 микрограми на еден кубен метар, што е за 2,5 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Карпош, многу високо ниво има и на ПМ2,5-честички, кои денеска достигнаа 200 микрограми на еден кубен метар, што е за 8 пати повеќе од дозволените 25 микрограми. На мерните станици...

Квалитетот на воздухот во Тетово ќе се мери со три мобилни станици

Наредниот месец аерозагадувањето во Тетово ќе се мери со три мобилни станици. На овој проект работи експертски тим на Институтот за животна средина при Универзитетот на Југоисточна Европа. Од Институтот сметаат дека со постојната една мерна станица во Тетово, не може да се добие реална слика за аерозагадувањето. - Со постојната една мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот може да...

Во април годинава ќе се знае кои се најголемите загадувачи на воздухот

Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и на Австрија почна проект со чија реализација ќе се дознаат факторите што придонесуваат за аерозагадувањето и колкаво е нивното учество во загадувањето на амбиенталниот воздух. Проектот е почнат уште во мај минатата година, кога на повеќе локации во Тетово и во Скопје се поставени филтри каде ќе се апсорбираат...

Снегот и ветерот го намалија загадувањето на воздухот

Врнежите од снег и ветерот го намалија загадувањето на воздухот што изминатите неколку дена имаше многу високо ниво на канцерогени ПМ10-честички. Во скопските населби Центар и Карпош, како и во Битола, Кичево и во Тетово денеска загадувањето е на високо ниво, а во Лисиче, Гази Баба, Велес и во Кочани измерено е средно ниво на загадување. Во 13 часот, во Центар измерени...

Екологисти: Само „Викторија сикрет“ може да го покрие срамот на битолскиот „татко на модата“

„Tатко на модата“ е новиот прекар што на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, му го дадоа екологистите од здружението „За нас се работи“ откако тој за Нова година изјави дека протестите против загадениот воздух во Битола биле „мода“. - Човекот е гол. Ние го забележавме тоа и само рековме - царот е гол. Сега само „Викторија сикрет“ може да му го покрие срамот...

И без „Југохром“ воздухот во Тетово e екстремно загаден

Воздухот во Тетово синоќа беше загаден 17 пати повеќе од дозволеното. Мерните станици на Министерството за животна средина измерија 857 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар. Затворањето на „Југохром“ не придонесе за намалување на аерозагадувањето, иако комбинатот на протестите против загадениот воздух, беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да...

Манчевски: Бараме на вонредна седница да се усвојат мерки против загадувањето

Советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје бара вонредна седница во деновите помеѓу новогодишните и божиќните празници. На седницата тие, од градоначалникот Коце Трајановски, ќе побараат да се усвојат вонредни предлог-мерки со кои загаденоста привремено би се довела во понормални рамки. Некои од мерките што од СДСМ ги предлагаат се итен прекин на сите градежни...

Екологистите се заканија: Или топлификација во Битола или бојкот на политичките митинзи

Околу 5.000 поддржувачи се потпишале за платформата „Петка за Битола“, против загадувањето на воздухот, што ја иницира здружението „За нас се работи“. Од здружението велат дека оваа бројка потпишани граѓани на петицијата е израз на загриженоста, револтот и на стравот на граѓаните од енормното загадување на воздухот во Битола и од последиците по нивното здравје и по здравјето на...

„Југохром“ го прекинува производството поради загадувањето

Фабриката „Југохром“ од Тетово, поради високото ниво на загадување на воздухот, соопшти дека од 31 декември до февруари следната година ќе го прекине производството. „Имајќи слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово, иако менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром“ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, донесе одлука за доброволно исклучување на двете...

Поради загадениот воздух, распустот во Центар ќе почне в понеделник

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска упати барање до Министерството за образование и наука, за децата од седумте општински основни училишта распустот да почне од понеделник, 28 декември. Ова барање е поради резултатите од извршените мерења на загаденоста на воздухот од страна на Министерството за животна средина, кои покажуваат дека во последните десет дена во општина Центар има многу високо ниво...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...