Многу високо и високо ниво на загадување на амбиенталниот воздух утринава покажуваат сите мерни станици на Министерството за животна средина.
Во Скопскиот Регион многу високо ниво на канцерогените ПМ10-частички има во Лисиче, каде утринава се измерени 225 микрограми честички на еден кубен метар, што е за 4,5 пати повеќе од дозволените 50 микрограми.
Мерните станици во Центар, Карпош, Гази Баба и Ректорат во Скопје и во Миладиновци, Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кавадарци и во Куманово покажуваат високо ниво на ПМ10-честичките.
Освен високо ниво на ПМ10-честички, зголемено ниво има и на ПМ2,5-честичките. На мерната станица во Карпош има многу високо ниво на концентрација на ПМ2,5-честитки, а во Центар високо ниво.
Синоќа на полноќ во Лисиче беа измерени 462 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од деветпати над дозволеното, во Ректорат во 19 часот беа измерени екстремно високи 660 микрограми, што е за 13 пати повеќе од дозволеното.
Во 19 часот големо загадување беше измерено и во Гази Баба – 346, во Лисиче – 323, во Карпош – 304, што е за седумпати повеќе од дозволеното.