fbpx

СЈО: УБК незаконски прислушувалa 5.817 телефонски броеви

-

Вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникација, во период од 2008 година до 2015 година, откри Специјалното јавно обвинителство во новиот случај „Таргет“, кој го презентира денеска.

За десет поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, постои основно сомневање дека ја искористувале службената положба и незаконски прислушувале.

– Вработенте во УБК ги следеле комуникациите преку три различни системи. Во текот на 2008 година тројца од осомничените раководни лица, спротивно на законските прописи, внесувале телефонски броеви во системите, пристапувале кон прислушувања за кои немало судски наредби. Постои основано сомневање дека првоосомничениот, кој бил на раководна позиција на УБК, иако немал законско право, присушувал телефонски разговори на лица со кои бил во приватни односи, политичари, бизнисмени и новинари – истакна јавната обвинителка Фатиме Фетаи.

Како што изјави Катица Јанева, со прислушувањето се уништени темелните вредности на уставниот поредок.

Неколку главни поенти од прес-конференцијата:

  • Биле прислушувани броеви на 5.817 лица и на сите лица кои комуницирале со овие лица – или вкупно 20.017 лица;
  • Имало три системи за следење на комуникациите;
  • Во текот на 2008 година три лица давале налози за прислушување на телефонски броеви за кои немало судски налози;
  • Преку првиот систем во 2008 година биле следени 229 броеви;
  • Преку вториот систем, од 2008 до 2015 година, најмалку 3.646 телефонски броеви биле прислушувани;
  • Преку третиот систем биле следени 401 телефонски број и 252 броеви надвор од судска наредба;
  • Незаконското прислушување продолжило и по обелоданувањето на аферара и во 2016 година;
  • Уништувањето на првите два система значително го одолжило времетраењето на прибирањето докази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...