fbpx

Снегот и ветерот го намалија загадувањето на воздухот

-

Врнежите од снег и ветерот го намалија загадувањето на воздухот што изминатите неколку дена имаше многу високо ниво на канцерогени ПМ10-честички.

Во скопските населби Центар и Карпош, како и во Битола, Кичево и во Тетово денеска загадувањето е на високо ниво, а во Лисиче, Гази Баба, Велес и во Кочани измерено е средно ниво на загадување.

Во 13 часот, во Центар измерени се 110 микрограми ПМ10-честички на еден кубен метар, во Карпош 100 микрограми, во Лисиче 90 микрограми, во Тетово 130, во Битола 150, а во Кичево 160 микрограми, од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар.

Пред една недела, еколошките здруженија и граѓаните на протест пред Владата поставија ултиматум до надлежните власти дека доколку не преземат конкретни мерки против загадувањето, тие на 15 јануари ќе ги блокираат загадените градови.

Дел од мерките што ги побараа еколошките здруженија се ограничување на движењето на возилата во поширокото централно градско подрачје, воведување сообраќаен режим во денови кога има енормна загаденост, забрана на движење на возила кои користат горива со понизок стандард од „еуро 4“ и дизел и намалување на цената на билетот во јавниот превоз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...