fbpx

Манчевски: Бараме на вонредна седница да се усвојат мерки против загадувањето

-

Советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје бара вонредна седница во деновите помеѓу новогодишните и божиќните празници. На седницата тие, од градоначалникот Коце Трајановски, ќе побараат да се усвојат вонредни предлог-мерки со кои загаденоста привремено би се довела во понормални рамки.

Некои од мерките што од СДСМ ги предлагаат се итен прекин на сите градежни активности во Скопје, бесплатен јавен превоз за сите граѓани во деновите на екстремна загаденост, воведување систем на возење пар – непар за возилата, вонредни контроли и, доколку е потребно, привремено запирање на работата на сите субјекти што поседуваат интегрирана еколошка дозвола Б.

Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ, вели дека овие мерки би биле на сила сè додека вредноста на индексите на загадувањето не се намали во законски предвидените рамки.

– Воедно, ќе побараме и амандмани на буџетот на Град Скопје за 2016 година, за воведување мерки и политики што долгорочно би помогнале во намалување на загаденоста на воздухот што го дишат скопјани. Ќе побараме субвенции за граѓаните за чисти извори на енергија, енергетска ефикасност, велосипеди и сл. Коце Трајановски покажа и докажа дека не го интересира најголемиот проблем на скопјани, а тоа е загадениот воздух. Затоа ние, советниците од Советот на Градот, мораме да застанеме заедно со граѓаните во одбрана на основните услови за живот, како чистиот воздух. Затоа, граѓаните на Скопје немаат никаква потреба од Коце Трајановски. Затоа, тој мора да поднесе итна и неотповиклива оставка – рече Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...