fbpx

Во април годинава ќе се знае кои се најголемите загадувачи на воздухот

-

Министерството за животна средина во соработка со владите на Финска и на Австрија почна проект со чија реализација ќе се дознаат факторите што придонесуваат за аерозагадувањето и колкаво е нивното учество во загадувањето на амбиенталниот воздух. Проектот е почнат уште во мај минатата година, кога на повеќе локации во Тетово и во Скопје се поставени филтри каде ќе се апсорбираат штетните материи од воздухот.

– Во април годинава филтрите ќе се однесат на хемиска анализа во Финска и во Австрија. Таму ќе се утврдува потеклото на штетните материи. Така, нема да има шпекулации. Врз основа на анализата на штетните честитки, односно нивното потекло, ќе се знае колку влијае индустријата, колку влијае сообраќајот или начинот на греење врз аерозагадувањето – изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

И покрај тоа што комбинатот „Југохром“ не работи 10 дена, воздухот во Тетово синоќа беше загаден 10 пати повеќе од дозволеното.

Вработените од комбинатот сметаат дека властите требало одамна да направат испитувања за причинителите за аерозагадувањето. Така, според нив, би се утврдило дека „Југохром“ не е голем загадувач и фабриката, која е единствен извор за егзистенција на жителите од овој крај, би продолжила да работи.

– Сега што направија? Ја затворија фабриката бадијала, а воздухот во Тетово и понатаму е екстремно загаден. Ние тука, кои живееме во општина Јегуновце, сме поврзани со „Југохром“. Поголемиот дел работат, некои ги пласираат земјоделските производи во фабриката. Тука, угостителските и трговските објекти работат поради фабриката, локалната самоуправа има корист од фабриката. Ако не ја отворат до март „Југохром“, најверојатно ќе мора да се иселиме оттука. Друга работа тука нема – вели жител на Јегуновце.

Фабриката на 31 декември ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да работат до крајот на февруари поради состојбата со загадениот воздух, која во овој период од годината е најалармантна.

Преку присмено соопштение, од фабриката информираа дека одлуката ја донеле доброволно, иако тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...