Екологистите се заканија: Или топлификација во Битола или бојкот на политичките митинзи

-

Околу 5.000 поддржувачи се потпишале за платформата „Петка за Битола“, против загадувањето на воздухот, што ја иницира здружението „За нас се работи“. Од здружението велат дека оваа бројка потпишани граѓани на петицијата е израз на загриженоста, револтот и на стравот на граѓаните од енормното загадување на воздухот во Битола и од последиците по нивното здравје и по здравјето на нивните најблиски.

– До денеска, собравме 3.257 потписи на хартија и 1.256 во електронската петиција. За нас ова е голема бројка на поддржувачи. Фактот што собирањето потписи на отворено се оддржува само во саботните денови на одредено место и во одредено време, се должи на тенденцијата да не се наметнуваме врз волјата на граѓаните во овие денови пред претстојните празници. Но, со собирање потписи продолжуваме континуирано – вели Илија Балтовски , од здружението „За нас се работи“ на денешната прес-конференција во Битола.

Од здружението ја поздравија одлуката на Собранието на Република Македонија да го поддржи проектот „Топлификација на Битола“, како и одлуката за прскање на улиците со соодветна хемиска смеса, но истовремено упатија и предупредување доколку не се исполни ветеното.

– Ова е последен пат кога ние граѓаните на Битола ќе дозволиме да не го реализирате ветеното и да не ги почитувате одлуките што самите ги носите. Доколку и сега секоја ваша одлука во насока на подобрување на состојбата со воздухот остане само празно ветување, си земаме право да ви порачаме дека ќе бојкотираме секаков општествено-политички процес, секаков митинг на политички партии и какви било други активности од политички партии, особено тие што практицираат власт – рече Балтовски.

Од „За нас се работи“ ги повикаа битолчани на националниот протест против загадувањето, што повеќе здруженија од државата ќе го одржат на 28 декември во Скопје, во 17 часот пред Владата.

А.Б.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...