fbpx

Град Скопје: Не проветрувајте, загадено е!

-

За да се избегне загадувањето на воздухот, Град Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз, да не ги користат автомобилите без поголема потреба, а кога ги користат, да се возат повеќе лица истовремено.

Град Скопје апелира граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, а одделни категории од населението, како што се малите деца, бремените жени, хронично болните и постарите луѓе, да не излегуваат на улица. Во соопштението од Градот, исто така, се препорачува граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат.

На граѓаните што ги загреваат своите домови со дрва, Град Скопје им порача да користат суво и чисто дрво, без примеси од земја и отпадоци, и притоа да ги користат печките според упатствата на производителот, како и редовно да ги чистат оџаците.

На тие, пак, што ги загреваат домовите на друг начин, градската администрација им порача да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси, како што се отпадно масло, лакираните и обоените отпадоци од дрво и од мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали.

Град Скопје ги повикува возачите на тешки товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот и камионите да не ги користат доколку го немаат регулирано испуштањето на отпадните гасови.

Во соопштението се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасен одводен систем за чад.

Денеска сите мирни станици на Министерството за животна средина покажуваат зголемено присуство на канцерогените честички ПМ10 и ПМ2,5. Загадувањето на амбиенталниот воздух е најголемо во вечерните часови. Синоќа во 21 часот мерната станица во Лисиче покажа 600 микрограми честички на еден кубен метар, што е 12 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во 23 часот, пак, во Гази Баба и во Карпош беа измерени 350 микрограми честички на еден кубен метар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...