fbpx

Манчевски: Властите да спроведат итни мерки за намалување на загадувањето

-

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, побара градската и централната власт веднаш и без одложување да спроведат итни мерки што ќе го намалат загадувањето на воздухот.

Мачневски побара да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје, привремено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот, како и училишниот распуст да почне порано од предвиденото.

Од СДСМ, меѓу другото, бараат да се воведе привремена мерка за обврска најмалку тројца патници да користат еден автомобил, a во спротивно автомобилот да биде исклучен од сообраќајот.

Манчевки истакна дека покрај краткорочните, потребни се и долгорочни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

– Токму затоа, новата влада предводена од СДСМ ќе воведе целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи, ќе обезбедиме субвенции за најсовремени филтри. Преку двојното зголемување на задолжителното зеленило во Законот за просторно и урбанистичко уредување, ќе обезбедиме враќање на зеленилото во градовите. Ќе субвенционираме фотоволтаични уреди за домовите и за куќите за граѓаните да го користат сонцето како енергент. Ќе субвенционираме 20 отсто од трошоците за енергетски изолациски материјал на постојните објекти – рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...