fbpx
Таг: Володимир Зеленски

таг: Володимир Зеленски

Вистиномер: Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми. Од датумот во новинарските написи, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година, за што сведочат и фотографии објавени на веб-страницата на претседателот. Во случајов не станува збор за средба со...

Украинските контранапади ја забавуваат руската офанзива на исток, се очекува евакуацијата на граѓаните на Мариупол

Руските трупи ја продолжуваат офанзивта во источниот регион Донбас во обид целосно да го заземат индустриското срце на Украина, но постигнаа мал напредок бидејќи жестоките украински контранапади ги забавија нивните напори, изјавија во саботата украинските и британските власти, пренесе Асошиетед Прес. Русија продолжува да се бори за целосна контрола на областите Доњецк и Луганск кои го сочинуваат Донбас и се...

Руските сили повторно го нападнале аеродромот во Днипро, Зеленски и Шолц разговарале за нови санкции

Володимир Зеленски
Руската војска повторно го нападна аеродромот во Днипро, уништувајќи го објектот и инфраструктурата во непосредна близина до него, јави украинската новинска агенција „Укринформ“. Ова го соопштил Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена администрација. „Повторен напад на аеродромот во Днипро. Од него не остана ништо. Аеродромот и инфраструктурата во близина се уништени. А ракетите продолжуваат да летаат. Го разјаснуваме бројот на...

Зеленски постхумно му додели Орден за храброст на фоторепортерот Макс Левин

Претседателот Володимир Зеленски пред синоќешното обраќање до нацијата потпиша указ за постхумно доделување Орден за храброст на фоторепортерот Макс Левин, кој беше убиен од руските напаѓачи во регионот на Киев. „За лична храброст и несебични дејствија покажани за време на покривањето на руската агресија, одлучувам: Да доделам „Орден За храброст- III степен на Левин Максим Евгенијевич – фоторепортер (постумно)“, се...

Бајден бара Путин да се соочи со судење за воени злосторства по убиствата во Буча, Русија негира геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, бидејќи се појавија докази за злосторствата наводно извршени од руските сили во Украина, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Гневот на меѓународната заедница се зголемува поради наводните убиства на цивили во Буча, град во близина на главниот град Киев. „Овој тип е брутален“, рече Бајден...

Њујорк тајмс: Mртви тела лежат на улиците во Буча со недели и покрај руските тврдења

Мртви тела на цивили во Буча со недели лежат на улиците, и покрај тврдењата на руската војска дека убиствата се случиле откако нивните трупи го напуштиле градот, пренесува Њујорк тајмс. Според анализата на сателитските снимки пред и потоа, што ги направи американскиот дневен весник, телата на убиените лица се наоѓаат таму повеќе од три недели, односно во периодот кога руските...

Русија обвинета за воени злосторства по масакарот во градот Буча, меѓународната заедница е шокирана

Украинските власти истражуваат можни воени злосторства извршени од страна на Русија, откако пронајдоа стотици тела од кои некои врзани, застрелани и расфрлани низ градовите во близина на Киев по повлекувањето на силите на Кремљ за да ги пренасочат своите напади во други делови на земјата, пренесе Ројтерс. Во градот Буча, 37 километри северозападно од центарот на Киев, новинарите на Ројтерс...

Зеленски им одзеде чинови на двајца генерали: „Немам време да се занимавам со предавници“

Володимир Зеленски, претесдател на Украина | Фото: Укринформ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајцата генерали, додавајќи дека „нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина“ и дека „ја прекршиле воената заклетва за верност кон украинскиот народ“, пренесе Би-би-си. Зеленски рече дека еден од генералите, Андреј Олехович, бил шеф на внатрешната безбедност во СБУ, главната разузнавачка агенција, додека другиот, Криворучко Серхи...

Лавров го предложи Белград како можно место за разговори меѓу Русија и Украина

Русија е подготвена да размисли за средба со Украина во други градови, на пример, во Белград, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува рускиот весник „Известија“. „Русија ќе биде подготвена да разгледа и други градови за преговори со Украина, вклучително и Белград“, рече Лавров. Тој додаде дека местото за средба мора да биде прифатливо за двете страни. „Одржавме три...

Зеленски подготвен да разговара за неутрален статус на Украина, но не на сметка на суверенитетот

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, пред новата рунда мировни преговори во Турција меѓу неговата земја и Русија, рече оти е подготвен да ја разгледа опцијата Украина да прифати неутрален статус, но суверенитетот на неговата земја и задржувањето на нејзината територија, остануваат приоритети, јави Би-Би-Си. Според проценките на Обединетите Нации, досега во Украина животите ги загубиле 1.100 цивили, а над 10...

„Русија се обидува да направи Северна и Јужна Кореја во Украина“

Русија сака да ја подели Украина на два дела, како што се случи со Северна и Јужна Кореја, изјави во неделата шефот на военото разузнавање на Украина, ветувајќи „тотална“ герилска војна за да се спречи распарчување на земјата, пренесе Ројтерс. Претседателот Володимир Зеленски го повика Западот да ѝ даде на Украина тенкови, авиони и проектили за да помогне во одбраната...

Ракетни напади на фабрика за авиони кај Лавов, Путин побарал средба со Зеленски

Фабрика за одржување на авиони во близина на Лавов е погодена со проектили, изјави градоначалникот на градот. Тоа е најблиску што војната дошла до историскиот град во западна Украина, кој досега избегна значајни борби, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Градоначалникот вели дека засега нема информации за жртви, а спасувачките екипи се на терен. Како што пренесува Би- Би- Си, базирајќи...

САД охрабруваат истрага за воени злосторства, Зеленски вели дека мировните преговори „звучат пореалистично“

Сенатот на САД донесе необврзувачка резолуција со која се поддржува истрага за воени злосторства на претседателот на Русија, Владимир Путин, по неговата инвазија на Украина. Во резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете партии, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите нации да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени...

Зеленски бара средба со Путин, во војната до сега загинаа 90 деца

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Нашата делегација има јасна задача - да стори сѐ за да се одржи средба на двајцата претседатели“, изјави Зеленски во видео обраќање во текот на изминатата ноќ. Тој нагласи дека тоа е средба на која сите чекаат и, иако тој пат е тежок, неопходен е за да се...

Две недели од руската инвазија, гранатирани болници и породилишта во Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила геноцид откако руската армија гранатираше детска болница во градот Мариупол. Во нападот била повредена бремена жена која чекала породување, а повеќе деца се нашле под урнатините. Според украинските власти ова бил само еден од вкупно три напади кои руската војска ја извршила врз болници вчера. Бомбардирани биле и две болници во градот...

Гинат цивили во хуманитарниот коридор во Мариупол, под рушевините дете починало од дехидратација

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко соопшти дека руските трупи напаѓаат хуманитарен коридор помеѓу овој град и Запорожје, кое е оддалечено 225 километри, јавува Би-би-си. Тој истакнал и дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да му испорачаат хуманитарна помош на градот и да евакуираат цивили во Запорожје. Цивилите во Мариупол живеат без вода и струја речиси...

Зеленски: Одамна загубив интерес за НАТО, не се подготвени да ја прифатат Украина

Што се однесува до НАТО, јас одамна изгубив интерес по тоа прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина. Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизија „Еј-Би-Си ворлд њуз”, одговарајќи на прашањето дали Украина е подготвена да ги испочитува барањата на Руската...

Пожарот во најголемата нуклеарна централа е изгаснат, Зеленски ја обвини Русија за нуклеарен тероризам

Руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа, откако зградата во комплексот беше запалена за време на интензивните борби со украинските бранители, соопштија во петокот украинските власти, пренесе Ројтерс. Стравот од потенцијална нуклеарна катастрофа во централата Запорожје ја прошири тревогата низ светските метрополи, пред властите да кажат дека пожарот во зградата идентификувана како центар за обука, бил изгаснат. Американскиот секретар...

Украинци лежат пред руски воени возила пред најголемата нуклеарна централа во земјата

Најголемата нуклеарна централа во Украина е под контрола на руските сили, соопшти денеска, Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информациите добиени од Москва, пренесе Би-Би-Си. Според МААЕ, тие се повикуваат на официјално писмо од Москва, во кое до Агенцијата стигнало известување во кое се наведува дека нуклеарната централа Запорожје ја опслужува редовен персонал,...

Зеленски по бомбардирањето на Харков: На плоштадот „Слобода“ немаше воена цел, ова е терор врз Украина

Најмалку 10 лица загинаа во нападот со крстосувачка ракета на централниот плоштад на Харков наречен „плоштад Слобода“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот изјави дека ваквиот напад е воено злосторство, односно државен тероризам од страна на Руската Федерација. „После вакво нешто Русија е терористичка држава. Очигледно. И тоа мора да биде официјално. Ги повикуваме сите земји во светот веднаш и ефективно...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...