fbpx
Таг: Володимир Зеленски

таг: Володимир Зеленски

Зеленски тврди дека речиси 40.000 руски војници загинале во војната, борбите на терен продолжуваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото обраќање изјави дека речиси 40.000 руски војници загинале од почетокот на воената агресија во Украина на 24 февруари годинава, пренесува Гардијан. Тој додаде дека руската власт четири месеци не им обезбедува на нивните граѓани податоци за загубите на руската армија на фронтот. „Целосен молк. Ништо не е објавено или кажано во бројните интервјуа и...

Зеленски: Украинската војска напредува кон Херсон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео обраќање до јавноста синоќа информираше дека украинските сили постепено напредуваат кон областа Херсон, која беше окупирана од Русија на почетокот на инвазијата на Украина. „Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област“, ​​рече Зеленски. Руската армија, која го започна својот напад од Крим, ја зазеде...

Зеленски ги отпушти шефот на државната безбедност и главната обвинителка на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени шефот на украинската служба за државната безбедност СБУ, Иван Баканов и главната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, пренесува Гардијан. Главната причина за отпуштањето на две клучни фигури од украинското државно раководство се случаите на соработка со Русија на вработени лица во СБУ и украинското обвинителство. Зеленски во своето образложение рече дека досега 651 кривична...

Руски ракети погодија станбена зграда и возила во украинска Виница, најмалку 20 загинати лица

Русија со ракети го гранатираше градот Виница во централниот дел на Украина, при што најмалку 20 лица загинаа, јавува Укринформ за последниот биланс на загинати лица. Јуроњуз пренесува дека во страшниот напад има околу 90 повредени лица, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше нападот како отворен акт на тероризам од Русија. Украинските власти информираат дека три ракети „Калибар“ истрелани...

Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на Украина и Молдавија им доделија статус на кандидати за членство во унијата. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел ја објави ваквата одлука, опишувајќи ја донесената одлука како „историски момент“. Исто така, тој спомена дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ со овие две земји нема да започне до спроведувањето на неопходните реформи. Мишел...

Почна борбата за Лисичанск, Зеленски обвинува дека Русија сака целиот Донбас да го претвори во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето најново обраќање до нацијата изјави дека руските сили се обидуваат да ги уништат градовите во Донбас на истиот начин како што тоа го направија со пристанишниот град Мариупол, пренесува Гардијан. „Лисичанск, Словјанск, Краматорск - тие целат било кој град да го претворат во Мариупол. Целосно уништен“, рече Зеленски. Гардијан го пренесува и најновиот извештај на...

Велика Британија праќа ракетни системи со долг дострел во Украина, Зеленски на терен во повеќе градови

Велика Британија ќе испрати ракетни системи со долг дострел М270 во Украина, откако Русија ги погоди преградијата на Кијив за првпат од април наваму, пренесе Би-би-си. Овие ракетни системи можат да истрелаат прецизни ракети до 80 километри, што е подолг дострел од која било ракетна технологија користена досега во војната. Британското министерствио за одбрана појасни дека овие високо способни ракетни...

ОН: Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови

Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на руската инвазија. Оваа изјава ја соопшти Амин Авад, помошник генерален секретар и кризен координатор на Обединетите нации за Украина, пренесе Укринформ. „Семејствата и заедниците се нарушени и обеззкоренети. За нешто повеќе од три месеци, речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови, мнозинството...

Зеленски очекува повеќе оружје додека беснее битката за истокот на Украина

Украина очекува да добие повеќе оружје од сојузниците по новото американско ветување за помош, рече претседателот Володимир Зеленски, додека битката за истокот на Украина беснее 100 дена од руската инвазија, пренесе Ројтерс. Според Зеленски, руските сили сега окупираат околу 20 отсто од територијата на Украина. Војската на Руската Федерација се фокусира на индустрискиот регион Донбас, составен од Луганск и Доњецк,...

За три месеци Русија во Украина претрпела загуби колку за 9 години во Авганистан, дневно гинат по околу 100 Украинци

Во последното ажурирање на разузнавачките податоци, британското Министерство за одбрана вели дека во првите три месеци од војната, Русија веројатно претрпела сличен број на жртви колку Советскиот Сојуз за време на деветгодишната војна во Авганистан, пренесе Би-би-си. Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine - 23 May 2022 Find out more about the UK government's response: https://t.co/mpZMMMUOI9 🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦...

Украина вели дека руските напади се интензивираат, Донбас е целосно уништен

Руските сили ја интензивираа офанзивата во источниот дел на Украина во Донбас користејќи артилерија, ракетни фрлачи и авиони за да ја оштетат одбраната околу Доњецкиот регион, соопшти во петокот Генералштабот на Украина, пренесе Ројтерс. „Рускиот непријател изврши масовно артилериско гранатирање на цивилна инфраструктура, вклучително и повеќе ракетни фрлачи“, се вели во соопштението. Во руското гранатирање во Луганскиот регион, исто како и...

Украински борци се предаваат во Мариупол, Зеленски обвини дека Русија користи забрането оружје

Официјална Москва соопшти дека уште речиси 700 украински борци се предале во окупираниот град Мариупол, пренесе Ројтерс. Истовремено, САД се последната земја која што повторно ја отвори својата амбасада во Кијив. Украина издаде наредба на својот гарнизон во Мариупол да се повлече, но крајниот исход од битката за пристанишниот град на Азовското море останува нерешен. Според водачот на проруските сепаратисти кои...

Претседателот Пендаровски упати писмо со поддршка до украинскиот претседател Зеленски

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до претседателот на Украина, Владимир Зеленски во кое изразува поддршка за украинскиот народ и упатува честитки до претседателот Зеленски за поднесената кандидатура за членство во Европската Унија. Пендаровски наведе дека изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои...

Зеленски: Разговорите со Русија за ослободување на војнците од Азовстал се многу сложени

Украинскиот претседател во ноќното обраќање објави дека наводно разговорите со Русија за извлекување на опсадените и ранетите украински борци од утврдениот металуршки комбинат крај јужниот пристаништен град Мариупол, се многу сложени, како и дека Кијив користи „влијателни посредници“, пренесе Ројтерс. Руските сили постојано ја бомбардираат челичарницата која е последниот бастион на стотици украински бранители во градот речиси целосно контролиран од...

Зеленски: Членството на Украина во НАТО ќе ја спречеше војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот пред студенти на Институтот за политички студии во Париз изјави дека војната со Русија ќе можеше да биде спречена доколку Украина претходно беше примена како земја-членка на НАТО, пренесува Ројтерс. „Да беше Украина дел од НАТО пред војната, немаше да има војна“, изјави Зеленски преку видеолинк. Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати повтори дека...

Кучето Патрон што пронајде повеќе од 200 мини доби медал од претседателот Зеленски [галерија]

Кучето Патрон, трагач на мини, кој откри повеќе од 200 вакви експлозиви по почетокот на војната во Украина, доби орден за неговата служба за земјата. На 2 и пол годишниот Џек Расел териер одликувањето му го врачи лично украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на церемонија во Киев, пренсе Би-би-си. Patron received his recognition. Among those who save the lives of 🇺🇦 every day are...

Путин на Парадата на победата во Москва без големо изненадување – зборуваше за „одбрана на татковината“

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на големата парада по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот што се одржа во Москва, не донесе никаква крупна најава, како што се шпекулираше во изминатите денови. Тој повторно се обиде да ја оправда инвазијата на Русија врз Украина, велејќи дека НАТО и Украина создавале „неприфатливи“ закани на руските граници...

Вистиномер: Хитлер немал еврејска крв, како што тврди Лавров

Изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека верува оти Хитлер, како и Зеленски, имал еврејска крв, предизвика лавина негативни реакции од страна на еврејскиот народ, барања за извинување и дипломатски реакции. Но, Хитлер нема еврејска крв. Неговиот татко, Алоис, бил непризнаено дете, а дедо му не бил познат, вели австрискиот историчар Роман Сандгрубер, кој...

Евакуирани цивили од фабриката „Азовстал“ во Мариупол, Зеленски се сретна со Пелоси

Дваесеттина цивили, меѓу кои и жени и деца, се евакуирани од фабриката за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, која е уништена од руското гранатирање, јавува „Укринформ“. Заменик-командантот на Азовскиот полк, Свјатослав Паламар, рече дека војниците ја продолжуваат акцијата за спасување, со јажиња вадејќи цивили од урнатините – стари лица, жени и деца. „Нагласувам дека бараме да се гарантира евакуација не...

Франција ќе ја зголеми помошта за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ветил зголемување на француската помош за Украина. Макрон му рекол на Зеленски дека воената поддршка за Украина ќе продолжи да расте, како и хуманитарната помош обезбедена од Франција, која од почетокот на војната па досега изнесува повеќе од 615 тони опрема, вклучувајќи медицински материјали, генератори за...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...