fbpx

ОН: Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови

-

Речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на руската инвазија. Оваа изјава ја соопшти Амин Авад, помошник генерален секретар и кризен координатор на Обединетите нации за Украина, пренесе Укринформ.

„Семејствата и заедниците се нарушени и обеззкоренети. За нешто повеќе од три месеци, речиси 14 милиони Украинци беа принудени да ги напуштат своите домови, мнозинството жени и деца – обем и брзина на раселување што не е забележана во историјата“, истакна Авад.

Според ОН, на повеќе од 3 милиони украински деца им е прекинато образованието поради војната. Дополнително, на 15,7 милиони луѓе сега им е потребна хуманитарна поддршка, а бројките се зголемуваат, а стотици илјади луѓе немаат пристап до вода и струја.

ОН веруваат дека со доаѓањето на зимата, милиони цивилни животи би можеле да бидат во опасност.

Во изминатите 100 дена, ОН обезбеди итна хуманитарна помош за околу 8 милиони луѓе низ целата земја, вклучително и во опколените градови на истокот на Украина.

„Нашите неуморни напори да одговориме на разорното влијание на војната ќе продолжат, силно и стабилно“, истакнаа ОН.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), околу 7 милиони Украинци веќе побегнале во странство, бегајќи од војната.

Регионалниот гувернер на Украина, Сергиј Хаидаи тврди дека неговите војници повторно зазеле дел од градот Северодоњецк – само неколку дена откако најави стратешко повлекување од градот.

Како што пренесе Би-би-си тешко е да се знае точно што се случува во Северодонецк затоа што има прекини на повеќето линии на комуникација, но гувернерот на регионот рече дека неговите трупи ги потиснале силите на напаѓачите.

Сергиј Хаидаи рече дека Русите претходно окупирале околу 70 отсто од стариот индустриски град. Но, тој потоа рече дека украинските војници вратиле значаен дел од Северодонецк.

Градот кој е клучна цел за Русија, е под постојано гранатирање со недели. Хајдаи, исто така, рече дека доаѓањето на новата американска артилерија ќе биде одлучувачко, и ќе предизвика руската пешадија да „бега“.

Претседателот Зеленски го искористи своето ноќно обраќање за да каже дека туската војска, која некогаш се сметаше за „втората армија на светот“ сега први… воени злосторства, срам и омразач

„Од 24 февруари, вкупно 3.620 населби во Украина се соочија со руска окупација – и големите и малите градови. Во секој од нив има уништување. Многу од нив едноставно веќе не се погодни за цивилизиран живот. Ова е реалноста што ја донесе Русија“, рече Зеленски.

Според локален претставник, како што пренесе Би-би-си, руските сили извршија ракетен напад и врз земјоделски бизнис во јужниот регион на Одеса во саботата наутро.

Според првичните информации, две лица се повредени, изјави Сергеј Братчук, воениот портпарол за регионот во објава на Телеграм, цитирана од новинската агенција Интерфакс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...