fbpx

Путин на Парадата на победата во Москва без големо изненадување – зборуваше за „одбрана на татковината“

-

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на големата парада по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот што се одржа во Москва, не донесе никаква крупна најава, како што се шпекулираше во изминатите денови. Тој повторно се обиде да ја оправда инвазијата на Русија врз Украина, велејќи дека НАТО и Украина создавале „неприфатливи“ закани на руските граници и дека се подготвувале да го освојат „рускиот Крим“, известува Би-Би-Си.

Денот на победата над фашизмот се одбележува во Русија во знак на победата на Советскиот Сојуз врз нацистичка Германија во Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, Денот на победата над фашизмот го одбележа во видеообраќање до нацијата, велејќи дека Украина ќе победи во војната со Русија.

„Украина нема да даде ниту педа земја на Русија. Ние се бориме за нова победа. Патот е тежок, но немаме сомнеж дека ќе победиме“, порача Зеленски.

Во својот говор, рускиот претседател Владимир Путин рече дека војниците и доброволците во источниот украински регион Донбас „се борат за нашата татковина, за нејзината иднина“ и го обвини Западот за „инвазија врз нашата земја“. Тој го нарече НАТО „очигледна закана за Русија“ и порача дека „специјалната воена операција“ што ја наредил била потребна и тоа било „вистинската одлука“.

„Западот, се подготвуваше за инвазија на нашата земји, вклучувајќи го и Крим“, порача Путин, не наведувајќи никакви докази за тврдењето.

Тој побара минута молк во чест на загинатите Руси во Втората светска војна, но и „за војниците што се борат за Русија во Донбас“

Рускиот претседател во својот говор рече дека во изминатите години имало тензии со другите земји од Европа и со НАТО, а Русија „ја поттикнувала Европа да се изнајде фер компромис, но тие не сакаа да нè чујат“ и дека Европа и НАТО подготвувале казнена операција во Донбас, каде што сега се концентрирани сите руски воени напори.

„Во Киев велеа дека може да добијат нуклеарни оружја и НАТО почна да истражува земја близу до нас и тоа стана очигледна закана за нашата земја и за нашите граници. Се ни зборуваше дека има потреба од борба“, рече Путин.

„Смртта на секој војник и офицер е болна за нас“, рече Путин.

Говорот на Путин заврши со овации од војниците на Црвениот плоштад во Москва, со топовски плотуни и со руската химна.

Парадата, инаку, мина без прелети на руски воени летала, како што традиционално се правеше секоја година, „поради временските услови“, како што за руските новински агенции рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...