fbpx

Гинат цивили во хуманитарниот коридор во Мариупол, под рушевините дете починало од дехидратација

-

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко соопшти дека руските трупи напаѓаат хуманитарен коридор помеѓу овој град и Запорожје, кое е оддалечено 225 километри, јавува Би-би-си.

Тој истакнал и дека осум камиони и 30 автобуси се на пат да му испорачаат хуманитарна помош на градот и да евакуираат цивили во Запорожје.

Цивилите во Мариупол живеат без вода и струја речиси една недела, а веќе се соочуваат и со недостиг на храна.

Поради блокадата на руските окупатори во Мариупол од дехидрација починало 6-годишно девојче, јави украинското министерство за надворешни работи.

„Ја пронајдоа под урнатините“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.”Денес немам зборови. Како што нема повеќе емоции. Мариупол го снајде страшна тага. Како резултат на блокадата на нашиот роден град, почина уште едно дете. Причината за смртта – дехидрација. 6-годишната Тања ја извадивме од урнатините од уништена куќа. Мајка ѝ починала“, изјави Бојченко.

Оваа вест ја потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во 2022 година, замислете, дете умре од дехидратација“, рече Зеленски во видеообраќање.

Русите пукаа и во централната градска болница во Изиум, регионот Харков. Пациентите мораа да се обидат да излезат од урнатините.

„Мислев дека портите на пеколот се затворени, но се покажа дека тоа е само првиот кат. Ова е приемната канцеларија на нашата централна градска болница. Веројатно, друга тајна база на НАТО. Пациентите се обидуваа да излезат од урнатините“, објави на Фејсбук заменик-претседателот на градскиот совет на Изиум, Володимир Мацокин, пренесува Укринформ.

Бројот на загинати цивили се зголемува, при што неколку градови имаат очајна потребата од залихи. Откако руските трупи ги прекршија ветувањата дека ќе ги одржат коридорите за евакуација. Шефот за хуманитарни прашања на ОН, Мартин Грифитс, ги повика Украина и Русија да обезбедат безбеден премин за цивилите.

Руското гранатирање ја спречува евакуацијата на цивилите од градовите како Киев, Мариупол, Суми и Харков, вели Украина. Русија соопшти дека е подготвена повторно да ги отвори хуманитарните коридори за денеска.

Доминик Стилхарт, директор за операции на Меѓународниот комитет на Црвениот крст зборувајќи за BBC Radio 4 за проблемите со таканаречените хуманитарни коридори за евакуација на цивили од бомбардираните украински градови рече и дека рутата за евакуација од Мариупол била минирана.

Бројот на бегалци кои бегаат од Украина надмина 2 милиони, соопштија Обединетите нации. Како што се наведува, ова е најбрзиот егзодус што Европа го видела од Втората светска војна.

„Денес одливот на бегалци од Украина достигнува 2 милиони луѓе. 2 милиони луѓе“, напиша Филипо Гранди, Високиот комесаријат на ОН за бегалци, на Твитер.

Додека многумина успеаја да избегаат од Суми во вторникот, високиот дописник на CBS News, Чарли Д’Агата, известува дека многу луѓе никогаш не добиле шанса да побегнат. Најмалку 20 луѓе беа убиени само во еден напад во градот во понеделникот вечерта, соопштија локалните власти.

Рускиата инвазија на Украина донесе речиси едногласна меѓународна осуда и строги меѓународни санкции, а во вторникот, САД требаше дополнително да го зголемат притисокот врз Путин, при што претседателот Џо Бајден објави забрана за увоз на руска енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...