Зеленски бара средба со Путин, во војната до сега загинаа 90 деца

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Нашата делегација има јасна задача – да стори сѐ за да се одржи средба на двајцата претседатели“, изјави Зеленски во видео обраќање во текот на изминатата ноќ. Тој нагласи дека тоа е средба на која сите чекаат и, иако тој пат е тежок, неопходен е за да се добијат ефикасни гаранции. Украина постојано укажува дека Путин ги носи сите конечни одлуки, пренесе Дојче Веле.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, вчера за руската телевизија рече дека преткодно би морало да се разбере што е целта на таква една средба и што таму би се разговарало.

За денес е најавена нова рунда мировни преговори помеѓу Русија и Украина.
„Русија почна да разговара поконструктивно. Мислам дека ќе постигнеле некои резултати во наредните денови“, изјави советникот на Зеленски, Михајло Подољак.

И рускиот преговарач Леонид Слуцки кажа дека има значителен напредок и дека е можно да се постигнат начелни договори во скоро време. Досегашните разговори главно се фокусираа на хуманитарната криза.

Украина ќе се обиде да ги евакуира заробените цивили преку 10 „хуманитарни коридори“, вклучително и од градовите во близина на главниот град Киев и во источниот регион Луганск, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

„Уште еднаш ќе се обидеме да го деблокираме движењето на хуманитарниот конвој кој носи храна и лекови до [пристанишниот град Мариупол] од Бердијанск (во југоисточна Украина)“, рече таа во видео обраќање.

Според информацијата која ја објави Укринформ руската војска досега убила 90 деца во Украина, а повеќе од 100 деца беа ранети поради руската вооружена агресија. Најмногу жртви се регистрирани во регионот на Киев, регионот Харков, регионот Доњецк, Чернихив, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.

Би-Би-Си пренесе дека најмалку 35 лица загинаа во нападот на тренинг базата Јаворив, на околу 20 километри од границата со Полска која е членка на НАТО.

Рускиот ракетен напад врз украинската воена база во близина на полската граница вчера беше обид да се „загрози“ на НАТО, изјави за Би-Би-Си заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Марцин Пржидач.

Пржидач за денешната програма на Би-Би-Си Радио 4 изјави дека потегот на Русија е „многу провокативен“.

„Тие сигурно знаеја дека оваа воена база е поставена многу блиску до полската граница“, вели тој.

„Значи, се разбира, Русите знаеја што удираат и сакаа да му се заканат на НАТО… Сакаа да испратат порака со закана кон НАТО.

Пржидач вели дека стравува дека „мојата земја и неколку други земји се некако во опасност бидејќи г-дин Путин се обидува да го уништи светот во кој живееме“.

Исто така, најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени во руски воздушен напад врз станбена зграда во главниот град на Украина, Киев.

Пожарникарите излегоа на местото на настанот во областа Оболон по нападот. Сликите од местото на настанот покажуваат издлабена зграда и урнатини на земјата.

Две лица загинаа и во денешното гранатирање на фабрика за авионски делови. Државната служба за вонредни ситуации кажа дека деветкатна станбена зграда се запалила откако била рекетирана.

„Извлековме две тела од зградата во северозападниот дел на Киев, а три лица се превезени во болница“, кажаа од службата, додавајќи дека биле евакуирани речиси 70 луѓе.

Утрово била гранатирана и фабриката „Антонов“, која се наоѓа на аеродромот „Свјатошин“, десет километри од центарот на Киев.

 

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...