fbpx

Зеленски постхумно му додели Орден за храброст на фоторепортерот Макс Левин

-

Претседателот Володимир Зеленски пред синоќешното обраќање до нацијата потпиша указ за постхумно доделување Орден за храброст на фоторепортерот Макс Левин, кој беше убиен од руските напаѓачи во регионот на Киев.

„За лична храброст и несебични дејствија покажани за време на покривањето на руската агресија, одлучувам: Да доделам „Орден За храброст- III степен на Левин Максим Евгенијевич – фоторепортер (постумно)“, се вели во декретот.

При доделувањето на ордените Зеленски изрази почит до семејството на загинатиот медиумски работник.

„Го предадов Орденот за храброст на семејството на починатиот фоторепортер Макс Левин, кој брутално беше убиен од окупаторите во Кијивската област. Во текот на својот живот тој даде значаен придонес за сите да видиме и да знаеме што се случува во нашата земја“, рече Зеленски.

За убиството на Левин отворено е кривично дело, а според првичните информации, невооружениот Левин бил убиен од војници на руските вооружени сили со два истрели од лесно оружје.

Максим Левин е познат украински фоторепортер и документарен фотограф и снимател. Соработуваше со Ројтерс, Би-би-си, ТРТ Ворлд, Асошиејтед Прес, и дурги светски познати медиуми.

Зеленски во палатата Марински им ги врачи ордените „Златна ѕвезда“ и на 292 припадници на Вооружените Сили на Украина, од кои 57 постхумно, на кои им беше доделена титулата Херој на Украина.

Истовремено Белата сала на палатата Марински отсега ќе се нарекува Белата сала на Хероите на Украина, соопшти претседателот на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...