fbpx

Зеленски подготвен да разговара за неутрален статус на Украина, но не на сметка на суверенитетот

-

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, пред новата рунда мировни преговори во Турција меѓу неговата земја и Русија, рече оти е подготвен да ја разгледа опцијата Украина да прифати неутрален статус, но суверенитетот на неговата земја и задржувањето на нејзината територија, остануваат приоритети, јави Би-Би-Си.

Според проценките на Обединетите Нации, досега во Украина животите ги загубиле 1.100 цивили, а над 10 милиони се раселени.

Во меѓувреме, и Турција и Грција и Франција преговараат за хуманитарен конвој за 170.000 цивили од Мариупол, каде има недостиг на храна и вода и има постојано бомбардирање. И Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека не е во состојба да достави каква било хуманитарна помош, бидејќи Русија и Украина треба прво да дадат гаранции за безбеден транспорт.

„Двете страни треба да дадат гаранции и да имаат согласност да овозможат безбедно поминување. Тие треба да ја објават маршуртата и да овозможат доволно време за луѓето да излезат. Моментално немаме тим што е во ситуација да пристапи таму“, за Би-Би-Си вели Мет Морис, портпарол на Црвениот крст.

Инаку, во главниот град Киев, денеска повторно ќе проработат училиштата, но со онлајн настава. Веста ја објави градоначалникот Витали Кличко вчера, кој појасни дека наставата ќе биде прилагодена на моменталните услови, преку користење на образовни платформи.

„Се обидуваат да нè заплашат. Тоа нема да им успее“, порача тој.

Според ОН, повеќе од половина од децата во Украина ја напуштиле земјата бегајќи од војната.

Според информации од украинските одбранбени сили, биле одбиени пет напади на руските сили од регионите Донец и Луханск. И понатаму продолжува отпорот и борбите со руските сили кои се обидуваат да ги заземат главните патишта и населби во главниот град Киев, напредувајќи од северозапад и од исток.

Според воено-воздухопловните сили на Украина, во последниот период се уништени четири авиони, 1 хеликоптер и 2 дронови на Русите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...