fbpx

Ракетни напади на фабрика за авиони кај Лавов, Путин побарал средба со Зеленски

-

Фабрика за одржување на авиони во близина на Лавов е погодена со проектили, изјави градоначалникот на градот. Тоа е најблиску што војната дошла до историскиот град во западна Украина, кој досега избегна значајни борби, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си.

Градоначалникот вели дека засега нема информации за жртви, а спасувачките екипи се на терен. Како што пренесува Би- Би- Си, базирајќи се на британски воени информации, украинските контранапади и логистичките проблеми ја кочат руската офанзива.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека шест крстосувачки ракети биле истрелани од Црното Море. Две од нив се уништени со противвоздушни ракети.

Лавов се наоѓа на 80 километри од границата со Полска. Во текот на изминатите три недели, откако почна руската инвазија на Украина, во градот беше релативно мирно, но тој е полн со бегалци.

Во меѓувреме, САД велат дека рускиот напредок е замрзнат „околу земјата на повеќе линии“.

Утрово Институтот за проучување на војната, американски тинк-тенк, рече дека Мариупол најверојатно ќе падне во наредните недели поради постојаните руски напади.

Во средата, театарот во Мариупол – каде што се засолнуваа цивили – беше уништен, а украинските власти соопштија дека бил гранатиран од Русија.

Рускиот збор „деца“ беше означен на земја со големи букви на две локации надвор од зградата, со надеж дека ќе ги предупреди бомбашите да не го бомбардираат.

Гранатирањето продолжи во Харков, вториот по големина град во Украина кој се наоѓа на северо-источниот дел на земјата близу до границата со Русија, но локалните сили се задржаа на својата територија.

Земјите во светот продолжуваат да воведуваат санкции кон Русија, а Јапонија и Австралија најавија нови мерки.

Помеѓу 24 февруари и 15 март, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права забележа 1.900 цивилни жртви. Вкупниот број се состои од 726 убиени лица, од кои 52 деца и 1.174 повредени, од кои 63 деца. Вистинската бројка е веројатно многу повисока.

„Повеќето од овие жртви беа предизвикани од употребата на експлозивно оружје со широко подрачје на удар во населени места. Стотици станбени згради се оштетени или уништени, како и болниците и училиштата“, рече Розмари ди Карло, потсекретар на Обединетите нации за политички и мировни прашања.

Таа нагласи дека меѓународното хуманитарно право е јасно: директните напади врз цивили се забранети. Сепак, големината на цивилните жртви и уништувањето на цивилната инфраструктура во Украина не може да се негира. Ова бара темелна истрага и одговорност.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон и рече дека двајцата лидери ја истакнале важноста од „продолжување на мировниот дијалог“.

Зеленски се обрати особено до луѓето во Мариупол, Харков и Чернихив, чии градови претрпеа големи штети. Тој ги уверува дека не се оставени на цедило. „Ќе бидете слободни“, им порача претседателот Зеленски.

Украинскиот претседател рече и дека ситуацијата околу главниот град Киев е тешка, но е под контрола додавајќи дека армијата одговара на секој руски напад.

Рускиот претседател Путин му се јавил на турскиот колега Ердоган и му кажал кои се прецизните барања на Русија за мировен договор со Украина, јавува Би-би-си.

Главото барање е прифаќањето на Украина да биде неутрална и дека не треба да аплицира за приклучување кон НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќево неколку изјави наговести дека Украина може да го прифати ова барање.

Второто барање било Украина да поминела низ процес на разоружување, а и да имало заштита за рускиот јазик во Украина. Постоело и барање за денацификација на земјата, што било длабоко навредливо за Зеленски, кој и самиот е Евреин, а негови роднини загинаа во Холокаустот. Можеби ќе биде доволно Украина да ги осуди сите форми на неонацизам и да вети дека ќе ги запре, пишува Би-би-си, повикувајќи се на разговорот со советник на Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на синоќешниот телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган побарал и директни преговори со Зеленски, на што самиот Зеленски инсистира. Не е прецизирано за што точно би зборувале двајцата, но се претпоставува дека тука веројатно ќе се вклучи статусот на Донбас кои веќе се одвоија од Украина и се прогласија за независни републики, чиј статус Русија го призна, поради што започна и воениот конфликт.

Сепак, мировниот договор може да потрае долго време за да се реши, дури и ако во меѓувреме прекине крвопролевањето, пишува Би-би-си.

ИзворБи-би-си

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...