fbpx

САД охрабруваат истрага за воени злосторства, Зеленски вели дека мировните преговори „звучат пореалистично“

-

Сенатот на САД донесе необврзувачка резолуција со која се поддржува истрага за воени злосторства на претседателот на Русија, Владимир Путин, по неговата инвазија на Украина.

Во резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете партии, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите нации да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, пренесе АП.

Во меѓувреме, како што пренесува Би-би-си цитирајќи го заменик-градоначалникот на Мариупол, град во југо-источниот дел на Украина, руските војници држат 400 луѓе, вклучувајќи лекари и пациенти како заложници во тамошната болница.

Според украинската служба за итни случаи гранатирана е и 12-катница во Киев, што предизвикало пожари на неколку ката.

Првите информации се дека се повредени две лица. Спасувачките служби извлекле 37 лица од зградата, се вели во соопштението од службата за итни случаи. Потрагата по уште потенцијални жртви продолжува.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мировните преговори со Русија почнуваат да „звучат пореалистично“, но дека е потребно повеќе време за да се постигне напредок.

„Состаноците продолжуваат и информиран сум дека позициите за време на преговорите веќе звучат пореално. Но, потребно е време за одлуки кои ќе бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во своето последно обраќање, пренесува Ројтерс.

Зеленски синоќа потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина.

„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.

Зеленскли директно ги повика високите руски функционери и медиумски личности да поднесат оставки од своите позиции и да заземат став против инвазијата на неговата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...