Руските сили повторно го нападнале аеродромот во Днипро, Зеленски и Шолц разговарале за нови санкции

-

Руската војска повторно го нападна аеродромот во Днипро, уништувајќи го објектот и инфраструктурата во непосредна близина до него, јави украинската новинска агенција „Укринформ“. Ова го соопштил Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена администрација.

„Повторен напад на аеродромот во Днипро. Од него не остана ништо. Аеродромот и инфраструктурата во близина се уништени. А ракетите продолжуваат да летаат. Го разјаснуваме бројот на жртвите“, напишал Резниченко на Телеграм.

Претходно беше објавено дека седум проектили синоќа го погодиле регионот на Днипро.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, на кој разговарале за можноста за дополнителни санкции кон Русија, но и одбрана и финансиска поддршка за Украина.

Во своето обраќање до јавноста доцна синоќа, пак, Зеленски порача дека морална должност на сите демократии и сили на Европа е да ја поддржат украинската желба за мир, бидејќи цел на руската агресија е целиот „Европски проект“.

„Ова е, всушност, одбранбена стратегија на секоја цивилизирана држава. Да се притисне Русија што е можно повеќе за да се вратат мирот и безбедноста што е можно повеќе, да се врати силата на меѓународното право што побрзо и да се спречи катастрофа предизвикана од примената на законот на сила. Катастрофа која неминовно ќе ги погоди сите, затоа што руската агресија нема намера да биде ограничена само на Украина, на уништувањето само на нашата слобода и животи. Целиот Европски проект е цел на Русија“, рече Зеленски во своето обраќање.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...