fbpx
Таг: вода

таг: вода

Водата за пиење во Кавадарци, Неготино и Росоман да се преврива

Пред употреба задолжително да се проврива водата за пиење во Кавадарци, апелираат од Центарот за јавно здравје. Апелот доаѓа откако по обилните врнежи од дожд се замати водата од водоводниот систем „Лукар“. Поради тоа водата е со жолта боја. „Поради заматувањето на водата од „Лукар“ при мерењето беше констатирано отсуство на резидуален хлор поради што се почна со максимално хлорирање....

Дождовите отсекоа село во Кочанско

Надојдените води од околните ниви го отсекоа од општината Чешиново – Облешево селото Теранци. Водата, според Општината, го поплави патот и влезот во мостот што води до селото, па сега жителите го користат подолгиот пат преку Зрновци. Водата полека се повлекува, но патот сè уште е затворен. Како што соопшти портпаролката на Општината Чешиново – Облешево, Катерина Постолова, Министерството за земјоделство,...

Жителите на Боговиње протестираа против одлуката Општината да раководи со водоводот

Жителите од Боговиње третпат пред општинската зграда протестираа против одлуката со водоводот да управува локалната власт. Тие истакнаа дека Општината сака насила да им го земе водоводот, кои сами со свои пари го изградиле. Побараа со водоводот да управува претпријатие кое е јавно - приватно партнерство, а со кое ќе менаџираат локални жители и локалната самоуправа. Жителите сметаат дека Општината не е способна сама да...

Њу Делхи: Повеќе од 10 милиони жители без вода

Повеќе од 10 милиони лица во индиската престолнина Њу Делхи останале без вода откако војската ја презела контролата над клучниот извор, соопштија денеска локалните власти. Кешав Чандра, директорот на водоводот на Њу Делхи, изјави за „Би-Би-Си“ дека ќе треба „три до четири дена“ пред да се нормализира снабдувањето со вода во погодените квартови. Демонстранти од заедницата Јат, кои барале работни места,...

Сирија: 50.000 лица без храна и без вода

Во сириската провинција околу градот Алепо се наоѓаат околу 50.000 раселени лица, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Хуманитарната ситуација рапидно се влошува, затоа што е отсечен доводот на вода. МКЦК во соопштението наведува дека рутите за достава на помош се отсечени и оти цивилите се наоѓаат под силен притисок. - Температурата е екстремно ниска и луѓето таму се без соодветно...

Министерот за животна средина во посета на Општина Теарце

Третманот на отпадните води, водата за пиење и комуналниот смет беа темите за кои разговараа министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани. - Разговарвме и за следните проекти во општина Теарце, што можеме ние како министерство и како Влада да помогнеме за нивна реализација - изјави министерот Изаири. Од Општина Теарце истакнаа дека оваа година ја...

Жителите од Боговиње не дозволуваат со водоводот да управува локалната власт

Жителите од Боговиње не дозволуваат локалната самоуправа да стопанисува со селскиот водовод. Тие попладнево пред општинската зграда мирно протестираа, откако Општина Боговиње најави дека во иднина управувањето со водоводниот систем ќе биде под нејзина надлежност. - Ние го изградивме водоводот со наши пари и нема да дозволиме да ни го земе Општината. Ако властите управуваат со нашиот водовод, се сомневаме...

Гостивар утре ќе остане без вода

Утре, Гостивар ќе остане без вода за пиење. Прекинот во водоснабдувањето се прави поради зафати за приклучување на филтер-станицата. Како што соопштуваат од Јавното претпријатие „Комуналец“, вода в понеделник ќе немаат градот и околните населени места, кои се снабдуваат преку главниот водоводен систем. „Водата ќе се прекине поради извршување градежни работи и технички интервенции за приклучување на изворот со пречистителната станица...

Тетово: Дводецениска жед за вода

Како градоначалничката Теута Арифи се буди и се мие без вода? За кога ветува дека ќе го реши „еднаш засекогаш“ проблемот со водата? Сите градски власти досега потфрлија во обидите да обезбедат вода, а сега има и друг проблем – тетовската водоводна мрежа се распаѓа. Две децении, милиони евра од граѓаните се собрани за непотрошена вода, а граѓаните чешмите ги заменија...

Директорот на „Проаква“ осомничен за загадувањето на водата во Струга

Директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од Струга е осомничен дека со своето однесување и со неизвршување на својата службена должност, директно придонел за загадувањето на водата од градскиот водовод, чија употреба надлежните ја забранија среде туристичката сезона. Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против директорот на „Проаква“ поради, како се наведува во службеното соопштение, постоење основи на сомневање дека сторил злоупотреба...

Дебар без вода за пиење

Непознати лица синоќа оштетиле една од главните шахти на градскиот водовод, поради што поголемиот дел од Дебар е без вода за пиење. За поправка на оштетувањата, потребна е специјална екипа, што подразбира и повеќе време за санација.

Пет мали хидроцентрали пуштени во употреба

Пет мали хидроцентрали, вклучени во системот за наводнување на реката Бошава, беа пуштени во употреба. Од овој систем ќе се обезбеди водоснабдување на општините Кавадарци, Росоман и Неготино. - Ова е прв проект, во рамките на кој, преку јавно-приватно партнерство, стекнавме концесија, ги добивме сите потребни дозволи и за помалку од две години, во соработка со локалните изведувачи, ги завршивме сите градежни и други...

Нема крај за арсеновата треска на гевгеличани

Водата во Гевгелија содржи 10 пати повеќе арсен од дозволеното, а веќе 37 месеци државната Агенција за храна и ветеринарство има издадено решение за забрана на употреба на водата од бунарите кај Моин, од кои се врши водоснабдување на Гевгелија. Три години од откривањето на арсенот во Гевгелија нема ниту деарсенификатор, ниту нови извори, ниту нови бунари за водоснабдување...

Втор меѓународен симпозиум за земјоделство и за храна во Охрид

Климатските промени се главниот фактор што во иднина најмногу ќе го погоди земјоделството, а со тоа ќе влијае директно и врз производството на квалитетна храна, сметаат учесниците на Вториот меѓународен симпозиум за земјоделство и за храна, кој се одржува во Охрид. – На овој втор симпозиум, ние ги обединивме во една платформа досегашните научни трудови, при што одговорите за влијанието на климатските...

НАСА: На Марс е пронајдена вода во течна состојба

По многу години шпекулации и озборувања, НАСА официјално објави дека на црвената планета е откриена течна вода. Научниците откриле дека на Марс постојат кањони и кратер од ѕидови на кои за време на летните месеци тече солена вода. Ова значи дека шансите за наоѓање некој облик на живот на оваа планета се многу поголеми од порано. Тие на сателитска снимка забележале...

Поради неплатени сметки исклучени водата и струјата во рудникот „Индоминерали и метали“

Погонот за флотација и управната зграда на рудникот „Индоминерали и метали“ останаа без вода и струја затоа што се исклучени поради неплатени сметки. Рудникот му должи 25.000 евра на Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ за неплатена вода за околу една година. Исто толкав период рудникот ги нема намирено ниту сметките за струја на „ЕВН Макодонија“. Директорот на ЈКП „Никола Карев“, Игор Бошков,...

СДСМ: Во 21 век граѓаните на Струга користат неисправна вода за пиење

Општинската организација на СДСМ од Струга бара од надлежните во најкраток можен рок да образложaт што точно се случува со водата за пиење што ја користат голем дел од граѓаните во општина Струга. Истовремено бара и одговор од првите луѓе во Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, но и од градоначалникот на Општина Струга, Зијадин Села, да објаснат со каков квалитет е...

Ешерихија коли во водата од струшкиот водовод

Во водата од струшкиот градски водовод, има зголемено присуство на хлор и на бактерии, покажале анализите на Регионалниот центар за јавно здравје од Охрид. Пронајдена е бактерија ешерихија коли и други колиформни бактерии, поради што Дирекцијата за храна, како надлежна институција, донесе забрана за употреба на водата за пиење. Од Дирекцијата за храна потврдуваат дека е изречена забрана за користење на...

Водата во ОУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна

Водата во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар е хемиски и бактериолошки исправна за пиење, соопшти портпаролот на ЈП „Водовод и канализација“, Благоја Филиповски. Ова го покажале резултатите од испитувањето на шест мостри од водата од шест различни места во училиштето, кои биле испратени во Центарот за санитарна контрола и надзор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Дел од земените мостри...

Тетовци немаат капка вода, властите со оптимистички изјави дека проблемот ќе се реши

Министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, денеска го посетија новиот водоснабдителен систем, кој сè уште се гради на падините на Шар Планина. И двајцата оценија дека проектот за нов водовод ќе заврши за неполн месец. - Проектот за нов водоснабдителен систем, според договорот, требаше да биде изграден до крајот на декември годинава. Но, градежните...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...